За да се случи тоа неопходна е поголема посветеност на македонските кинолози и кинофили и секако да се појават повеќе одгледувачи на расата низ цела Македонија.
Ова е дел од цитатот од воведот во Фејсбук страницата на МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ - КАРАМАН.
Како почнаа и до каде стигнаа групата вљубеници на автохтоната раса македонско овчарско куче Караман.
Според караманџиите, еден од најпознатите и најпосветени дејци за промоција на оваа раса е Илија Ико Каров.
Тој вели дека со голем ентузијазам, посветеност е преземен таканаречен Волонтерски поход за зачувување на Караманот што треба да резултира и со признавање на ова куче како посебна раса од страна на Светската Кинолошка Федерација.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Дали земјата ќе има своја сопствена раса зависи од сите нас.
Големи напори се преземени за правилна селекција на оваа раса. Самиот збор Караман асоцира на црно куче, но тоа е најмал проблем, вели Каров, наведувајќи дека има многу елементи за да се посигне целта.
До каде е процесот за регистрирање на караманот во светски рамки?
„Документацијата е завршена и се надеваме дека во Септември идната година ќе аплицираме за раса. Но процесот е комплексен. Треба да дојдат две комисии. Една за стандард и една научна од ФЦИ и да направат евалуација на 70 примероци на карамани“, вели Каров.
Во меѓувреме, се редат успешни изложби и натпревари на домашен и надворешен терен како дел од процесот.
Со Ико Каров разговараме и за разликата меѓу караманот и шарпланинецот како и за тоа како треба да изгледа вистински Караман?
„Македонија има должност да си го зачува своето кинолошко наследство чиј значаен дел е македонскиот караман со кој повеќе милениуми се гордееле македонските сточари“, заклучува Илија Ико Каров претседател на Кинолошкиот клуб за македонското овчарско куче Караман.
Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.