Јаниќијевиќ: Немаме доволно луѓе за да снимаме филмови

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

За да може да се подобри и зголеми македонската филмска продукција, потребни ни се луѓе, си заминаа луѓето во други држави, каде што продукциите не каскаат како нашата, вели режисерот Срѓан Јаниќијевиќ во интервју за Радио Слободна Европа. Тој вели дека дури и во идеални услови да се внесат повеќе пари во филмската индустрија, побитни се луѓето кои заминаа поради подобри услови и организација на работа.