Истражувачки новинар работел на план за ослободување на Навални
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Истражувачки новинар рече дека помогнал да се планира потенцијална размена на затвореници, со цел да се вклучи и починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални. Бугарскиот новинар Христо Грозев вели дека планот за ослободување на Навални бил во сила непосредно пред неговата смрт во затвор на Арктикот. Но, западните власти велат дека планот бил само во раните фази, а Кремљ вели дека не знаел за размена на затвореници. Во меѓувреме, поддржувачите на Навални се борат да најдат место за одржување на неговиот погреб речиси две недели по објавувањето на неговата смрт.