75 години од пактот Молотов - Рибентроп
Јоаким Фон Рибентроп, Сталин и Вјачеслав Молотов на потпишувањето на пактот за ненапаѓање, во Москва на 23.08.1939
Молотов го потпишува договорот, кој за Советскиот Сојуз значеше добивање време за зајакнување на армијата.
Ракување на Рибентроп и Сталин по потпишувањето на договорот за пријателство, соработка и демаркација, како додаток на пактот за ненапаѓање.
Последната страница од дополнителниот таен протокол за поделба на централна и источна Европа на сфери на влијание.
Истата страница и на руски јазик.
Мапата, објавена во весникот Известија на 18-ти септември 1939-та година, еден ден по советската инвазија врз Полска, на која се гледа демаркационата линија од договорот Рибентроп - Молотов.
Германските и советските трупи на средба на демаркационата линија, која ја нарекоа "Граница на мирот". Септември 1939-та година.
Советски и германски офицери на средба во окупираниот град Брест - Литовск, денешен Брест во Белорусија.
Германски и советски војници во Брест. Септември 1939-та година.
Советските и германските трупи во окупираниот Брест на заедничка парада на победата. 22-ри септември 1939-та година.
Советскиот комесар Боровитски во Брест.
Нацистичко - Советска парада во Брест.
Карикатура на Дејвид Лоу, објавена во "Evening Standard" на 20-ти септември 1939-та година.
Дел од договорот Рибентроп - Молотов, објавен во советскиот весник Правда, на 28-ми септември 1939-та година.
Насловната страница на "Newsweek" на 9-ти октомври 1939-та
Молотов (лево) си заминува од посетата на Берлин на 14-ти ноември 1940-та година. Пактот Молотов - Рибентроп беше во сила се до 22-ри јуни, 1941-ва година, кога нацистичка Германија изврши инвазија врз Советскиот Сојуз.