„Ги користат како топовско месо“: Мигранти, од затвор во Русија, испратени во смрт во Украина
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Многу мигранти од Централна Азија се меѓу околу 50.000 затвореници кои беа испратени од руските затвори, од платеничката група Вагнер, да се борат во Украина. Додека некои волонтираа со ветувања за предвремено ослободување, постојат извештаи дека другите биле принудени да се пријават. РСЕ разговараше со сегашни и поранешни затвореници и со родители на мигранти убиени во борбите во Украина. Тие ги открија техниките што ги користат властите за притисок врз затворениците кои не сакаат да се најдат на бојното поле.