Опозицискиот блок на Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) освоија најмногу гласови на парламентарните избори на 23 февруари, покажаа излезните анкети.
Кандидатот за канцелар на конзервативниот блок, Фридрих Мерц, сега има можност да го наследи социјалдемократот Олаф Шолц на таа позиција.
Блокот на Мерц ЦДУ/ЦСУ го освои првото место со 28,5 отсто од гласовите, а по него е Алтернатива за Германија (АфД) со 20 отсто, што е рекорден резултат за екстремно десничарската партија, пренесува Ројтерс.
СПД на Шолц освои 16,5 отсто од гласовите, што е најлошиот резултат досега за партијата на левиот центар, покажа проекцијата.
На предвремените парламентарни избори беа избрани 630 пратеници во новиот Бундестаг.
Право на глас на предвремените парламентарни избори имаа 59,2 милиони граѓани.
Покрај 59,2 милиони гласачи, проценети од здружението за статистика Дестатис, во самата Германија право на глас имаа и над три милиони германски државјани во странство.
На изборите за функцијата канцелар се натпреваруваа петмина партиски кандидати, иако формално шефот на владата го избира новиот Бундестаг дури по изборите.
Видете и ова: Германското министерство предупредува на руска кампања за дезинформации пред изборитеКандидати за канцелар номинираа партиите: Демохристијаните (ЦДУ и ЦСУ), социјалдемократската СПД, Зелените, десничарската Алтернатива за Германија (АфД) и левичарската популистичка Алијанса на Сахра Вагенкнехт (БСВ).
Централната изборна комисија одобри учество на 41 партија, но само 29 всушност учествуваа на изборите, од кои некои само во одредени сојузни држави. Изборниот праг е пет проценти.
Бројот на кандидати на изборните листи е 4.506, што беше значително помал од изборите во 2021 година, кога имаше 6.211.
Нешто помалку од една третина од кандидатите се жени.
На изборите беа кандидирани 80 отсто од досегашните пратеници во Бундестагот, кој со досегашните 736 места беше најголемиот избран долен дом, поголем од кој било парламент во светот.
Претстојните избори се одржуваа според новиот изборен закон со кој беше воведена комбинација на мнозински и пропорционални изборни системи.
Видете и ова: Германската крајна десница на прагот на историска изборна победаЕдна од целите на измените на законот беше да се намали бројот на пратенички места во гломазниот парламент, со што денеска се избираа 630 пратеници.
Низ Сојузна Република Германија има 299 изборни единици, кои се назначени така да има има приближно ист број жители, без разлика на бројот на граѓани со право на глас.
Изборите се карактеризираат со изразени демографски промени. На изборите во 2021 година, право на глас само во Германија имаа 61,2 милиони луѓе.
Во сегашното гласачко тело повеќе од 40 отсто од граѓаните се на возраст над шеесет години, а една четвртина се над 70 години.
Помладите од 30 години сочинуваат само 13,3 отсто од гласачкото тело. Има 2,3 милиони млади луѓе кои можат да гласаат за прв пат или околу четири проценти.
Видете и ова: Мерц ја отфрла можноста АфД да биде дел од негова владина коалицијаОколу 650.000 волонтери беа ангажирани да ги контролираат изборите и процесот на пребројување гласови и да го одржуваат редот на избирачките места.
Парламентарните избори редовно беа закажани за следната есен, но по распадот на германската владејачка трипартиска коалиција на СПД, Зелените и либералната ФДП, беа распишани привремени избори.
Германскиот изборен систем ретко на која било партија и дава апсолутно мнозинство.
Земјата нема традиција на малцински влади на национално ниво, што значи дека традиционално две или повеќе партии формираат коалиција.
Видете и ова: Изборите во Германија од агол на една Украинка која работи во РајхстаготНема формален арбитер за процесот на формирање на новата влада, ниту пак има одредена временска рамка. Партиите водат разговори за да утврдат со кого имаат најмногу заеднички работи, а потоа една комбинација на партии преминува на официјални коалициски преговори, објаснува АП.
Овие преговори обично резултираат со детален коалициски договор кој ги утврдува плановите на новата влада.
За ова е потребно одобрение од партиските тела на вклучените страни.
Некои партии може да одлучат да одржат гласање на сите членови.
Откако ќе заврши тој процес, Бундестагот може да избере нов канцелар.