За својот прв квир роман писателот Петар Андоновски раскажува дека бил дочекан со големо љубопитство или „сите сакаа да видат што е тоа чудо“, иако не е ништо ново во македонската книжевност. Но последниот роман, кој ја обработува темата за квир родителството, помина во тишина.
Како општество уште не сме подготвени за тоа, односно голем дел од луѓето. Иако квир родителството не е ништо ново, особено во Скопје има многу квир семејства со деца или без деца. Тоа се наши соседи, со кои пазаруваме, ги среќаваме насекаде, тоа се наши колеги...
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Изненаден е и од реакциите на неговите колеги, книжевници од кој очекувал отвореност, но и за нив е табу тема. Добил реакција дека е рано за вакви теми. Но кога би ги прашале кога е вистинското време, немаат одговор.
Една од најпогрешните лекции е дека молчењето е злато. Напротив сметам дека темелот на секој однос е разговор. И тоа го кажувам во романот дека само со разговор можеме да го разбереме другиот. Со премолчувањето и пикањето на проблемите под тепих не правиме ништо.
И земјите на Балканот, последна беше Грција, ги легализираа истополовите бракови, како и Црна Гора, Хрватска. Сите тие важат за конзервативни, традиционални држави, но само во Северна Македонија за тоа никој и не зборува.
Вака накусо го опишува животот полн со предизвици на некого кој што сексуално го привлекува истиот пол.
Човек со поинаква сексуална ориентација, но и со поинаква боја на кожа, со поинаква националност, секојдневно мора, два, три пати повеќе да се трудите и да се докажувате дека сте подеднакво исти како другиот. Дека не сте помалку вреден и дека заслужувате да го имате истиот статус.
Андоновски вели дека сепак на на Балканот уште националистичката, конзервативна реторика „пали“ и кај гласачите и кај граѓаните. Уште се поставува прашањето зошто месец на гордоста, зошто паради. Смета дека како општество не сме зрели, иако човековите права за никого не треба да се луксуз.
Видете и ова: Хајка против книжарница поради геј писател ја зголеми продажбатаПарадата не е нешто каде шетаат голи луѓе. Тажно е што сфаќаат дека некој си ја покажува сексуалноста – пораката е - тука сме , постоиме, не сме сите еднакви и ние имаме права, вели Андоновски.
Во Поткастот Зошто Петар Андоновски споделува и свое лично искуство за булингот во средното училиште иако, вели, тешко му е да зборува за тоа, но можеби еден ден ќе напише роман.
Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на нашиот сајт Слободна Европа, како и на Спотифај , Јутјуб и Ејпл. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи преку социјалните мрежи кои теми кои сакате да ги слушате