„Нѐ убиваат“ - Геј активист кој избега од Туркменистан
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Давид Омаров, роден во Туркменистан, вели дека бил уапсен и мачен таму затоа што бил геј, што е криминал во репресивниот режим во земјата. Тој беше обвинет и за „ширење сида“ додека беше во затвор во 2019 година и беше принуден да потпише признание пред конечно да може да побегне во Полска. Во својот нов дом, Омаров работи на подигање на свеста за заканите со кои се соочува ЛГБТ заедницата во Туркменистан.