Евросонгот низ години
Некои легендарни уметници се прославија токму на Евровизија. Францускиот шансоњер Серж Геинсбург победи во Луксембург 1965 година.
Шеснаесет годишната Сенди Шо со ,,Puppet on a String,, во1967.
,,Puppet on a String,, беше дело и на шкотскиот компзитор Фил Колтер кој повторно победи во 1970 кога 17 годишната Дана ја застапиваше Ирска.
Ирецот Џони Логан е најуспешниот учесник на Евровизија. Победи два пати, во 1980 и во 1987.
Евровизија секогаш ќе биде поврзувана со шведската поп група АББА чија меѓународна слава почна со победничката песна Ватерло во 1974.
Британската поп група Бакс Физ победи во 1981 со интересен сценски настап.
17 годишната германска пејачка Никол победи во 1982 година.
Белгијанката Сандра Ким триумфираше во 1986 година со ,,Jaime La Vie,, но предизвика скандал кога се дозна дека имала само 13 години. Минималната граница за учество на Евровизија е 16 години.
Швајцарија победи во 1988 година кога за таа земја учествуваше малку познатата Селин Дион.
Во 1996 година повторно победи Ирска. Тоа беше седма победа на оваа земја на Евросонгот.
Естонија стана првата земја од Источниот блок која победи на Евровизија.
Учеството на земји од Централна и Источна Европа ја променија целата динамика на Евровизија.
Украина триумфира во 2004 година со Руслана и ,,Wild Dances,,. Таа потоа почна политичка кариера и во 2006 година беше избрана за украинскиот парламент.
Српската пејачка Марија Шерифовиќ која ја следеа сомневања за нејзината сексуалност со песната Молитва победи во 2007 година.
Популарниот руски пејач и актер Дима Билан во 2006 беше разочаран бидејќи победи финската група Лорди. Но две години потоа тој сепак победи.
Годинашниот домаќин на Евросонг Азербејџан победи лани со дуото Ел и Ники. Азербејџан за прв пат се појави на Евросонг во 2008 година.