Од политичките маргини во Европарламентот
Марин Ле Пен, претседателка на крајно десничарскиот француски Национален фронт, партија која доби над 25 места во Европарламентот.
Најџел Фараж, лидер на десничарската Независна партија на Велика Британија ја прославува победата на евроиборите.
Мортен Месершмит, кандидат на крајнодесничарската Народна партија на Данска која победи на изборите во таа земја.
Хајнц Кристијан Страч, лидер на екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија и кандидатот Харалд Вилимски ги п-рославуваат резултатите.
Бернд Луке, претседател на Алтернатива за Германија, зборува во Берлин по изборите. Оваа партија која е за излегување на Германија од еврозоната за прв пат влезе во европарламентот.
Грчката крајна левица и крајна десница успеаа да влезат во европарламентот. Алексис Ципрас (лево) лидер на Сириза и кандидатката Рена Дуру, слават во Атина.
Грчката Златна зора доби 10 насто од гласовите во Грција и за прв пат влезе во Европскиот парламент.
Габор Вона (лево) шеф на унгарскиот Јобик, партија која освои 15 насто од гласовите.
Екс комичарот Бепе Гриљо, од италијанската нова партија Пет ѕвезди, која го освои второто место на евроизборите. Партијата бара референдум за излегување на Италија од еврозоната.