20 години по Беслан: Патот на мајката до „спас“ од страдањето по изгубеното дете
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Ова е нераскажана приказна за тоа што се случило по масакрот во 2004 година во Беслан, Северна Осетија, кој e еден од најкрвавите моменти во битката на Русија со Чеченските милитанти. Професорката по музика Дина Каргијева ја загуби својата 11-годишна ќерка во хаосот во кој загинаа околу 330 лица, среде обидот на специјалните сили да ослободат стотици деца заложници во училиште. Отпрвин, Каргијева не сакаше да живее. Подоцна се обидела со ин витро оплодување и сурогат мајка, но и двете не успеале. Конечно, на 44-годишна возраст, посвоила девојче кое, како што вели, било нејзиниот спас.
За да ја одбележи 20-годишнината од опсадата овој викенд, документаристот Дмитриј Белијаков се сеќава на средбата со Каргијева и ја раскажува нејзината приказна.