Дигитални македонски номади: Може да се живее и успешно да се работи и во помалите места дома

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Стефан и Елена се македонска млада брачна двојка, која, по седум години живот во Германија, се вратија во земјава, но наместо во Скопје или некој поголем град, тие се населија на периферијата во Македонски Брод. И двајцата работат онлајн од дома и се успешни во своите професии – Стефан е композитор, а Елена моден дизајнер. Животот како дигитални номади за нив не бил лесна одлука, но и покрај ризиците при преселбата во Брод, Стефан и Елена се среќни и велат оти го живеат својот сон.