Девојки од Аруба волонтираат во Шутка: „Глетката го крши срцето“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Емели и Шантал од Аруба имале неколку опции за волонтирање во странство, но ја избрале Северна Македонија. Во нивниот двомесечен ангажман тие се дружат и учат со децата во Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари. Овде, децата кои питачат секој работен ден добиваат грижа, внимание, оброк и стекнуваат навики, а волонтерките му помагаат на стручниот тим.
Волонтерките тука ги носи соработката на „Волонтерски центар Скопје“ со организацијата „ЦЕДЕ Аруба“. Преку Европскиот солидарен корпус, како дел од проектот „Воисес“ тие волонтираат и во магазин и подкаст кој има мисија да биде гласот на младите.