Деспотовски: Предноста на опозицијата на анкетите е последица на тешки одлуки, но и грешки на власта

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Пред обединување во предизборен Европски фронт на СДСМ, Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ и член на владејачката партија, смета дека треба да се договорат принципите, вредностите и изборот на луѓето. Деспотовскиа „не го плашат“ анкетите и верува дека СДСМ повторно ќе ја формира следната влада.  

Пред да се зборува за кои политички партии и организации ќе се обединат околу предизборниот Европскиот фронт на СДСМ, директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој е член на владејачката партија, смета дека треба да падне договор за принципите, вредностите и изборот на луѓето кои ќе ја претставуваат програмата пред граѓаните. Деспотовски вели дека „не го плашат“ анкетите кои покажуваат предност на опозицијата пред владејачката СДСМ, верувајќи дека и покрај овие трендови, СДСМ повторно ќе ја формира следната влада.