Денот на независноста на Грузија одбележан со масовен протест
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
На Денот на независноста на Грузија, илјадници демонстранти ја повикаа владејачката партија Грузиски сон да го повлече контроверзниот закон за „странски агенти“, кој се смета за ист со законодавството што се користи во Русија за да се замолчат критичарите и да се скрши опозицијата. Демонстрантите го вееја знамето на Европската унија за да ја покажат својата поддршка за продолжување на напорите на Грузија да се приклучи на евроатлантската заедница, што се смета дека новиот закон го загрозува.