Деценија по Евромајдан - борбата за слобода на Украина продолжува
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Украина ја одбележува 10-годишнината од движењето „Евромајдан“ што избувна откако тогашниот претседател Виктор Јанукович одби да потпише договор за асоцијација со Европската унија. Масовни проевропски демонстранти го окупираа централниот плоштад во Киев со месеци за да се спротивстават на планот на претседателот Виктор Јанукович за поблиски економски врски со Русија. Во средината на февруари 2014 година, повеќе од 100 луѓе беа убиени кога безбедносните сили отворија оган врз демонстрантите. Десет години подоцна, новинарот Андриј Дубчак се сеќава на интензивните денови и недели од Евромајдан што доведоа до соборување на Јанукович и ја сврте земјата во нов, независен курс.