Како професор во скопската гимназија Раде Јовчевски Корчагин во моментов, но и во другите училишта каде што предавала, професорката по македонски јазик Татјана Алексиќ секогаш им забранувала на учениците да и носат подароци за 8 март.
Кога ме прашуваат оваа тема непријатно ми е и се срамам, и сметам дека мојата професија просветен работник само губи со тоа. Еден просветен работник, педагог не смее да дозволи децата да собираат пари и да купуваат подароци. Примањето подароци и нарачки на подароци од учениците е дегутантно и е под честа.
Таа смета дека пред многу години, кога и самата одела на училиште немало таква еуфорија за подароци, иако децата носеле цвеќе на своите учителки или наставнички. Но сега се се гледа низ призмата на материјалното.
Децата се отруени со материјализам, со купување подароци. Ако не ми купиш скап подарок значи дека не ме сакаш, така размислуваат, вели Алексиќ.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Според Законот за вработени во јавниот сектор тие не смеат да примаат подароци со исклучок на подароци од пониска вредност што не ја надминуваат сумата од 1000 денари. Но Алексиќ смета дека тоа е уште полошо па и навредливо.
Така децата се учат да даваат поткуп, мито, ние сме земја на корупција.
Затоа одлучила да им покаже на учениците како да станат хумани, да ги учат вистинските вредности во животот.
Често иницирам донации, да се научат да помогнат некому. Во училиштето организираме донаторски акции кога треба да се помогне на некое дете за лекување или од други причини.
Но своите ученици ги учи и што е 8 март, зошто се празнува, како што вели, денот на жената работник.
Треба да знаат кои се Клара Цеткин, Роза Луксмебург, но и Наќе Бајрами, Роса Плавева, нашите борки кои ги симнаа фереџињата од лицата на жените. Погрешно се поима празнувањето на 8 март, како и еманципацијата, родовиот јаз, како и сексуалното сеопфатно образование. Не ги разбираме работите суштинсики, затоа се дига прашина. Ја славиме жената работник , жената која решила да биде самостојна, да не биде под капата на мажот.
Сепак заклучува дека работите се менуваат. Забележува дека девојките сега сакаат да бидат независни, да не зависат економски од никого, па ни од родителите, дека сакаат да работат.
Татјана вели дека затоа и ја радува што три жени се одважија да се кандидираат за претседателки на претстојните избори. Но разочарана е што на социјалните мрежи се обидуваат да ги деморализираат
Видете и ова: Кандидатките се жигосуваат зашто се жениСлушајте не, следете го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а јие ќе прашуваме преку нашите социјални мрежи.