Изборна кампања во Чешка
Џиновски виолетов „среден прст“, скулптура на уметникот Давид Черни на реката Влтава во Прага. Поставена е четири дена пред изборите. Тоа е протест за енденмската корупција на чешкиот претседател Милош Земан, вели Черни.
Изборен плакат на лидерот на чешките социјалдемократи Бохуслав Соботка.
Обесени кукли во Прага на кои е напишано „Бил против Комунистичката партија“. Слични кукли се појавија во повеќе градови како симбол на егзекутираните луѓе поради политички причини за време на комунистичкиот режим во поранешна Чехословачка.
Чешкиот мултимилионер Андреј Бабиш на кампања на својата АНО партија во Прага. Бабиш е втор најбогат чех и ја поседува холдинг компанијата Агроферт.
Партијата АНО, според анкетите, е на третто место според можниот број на гласови на изборите.
Андреј Бабиш дели крофни во Прага како дел од неговата кампања.
Изборен плакат „Во служба на нашата република“ на кој е претставен Карел Шварценберг претседател на партијата од десниот центар ТОП09.
Карел Шварценберг наздравува со неговите приврзаници во еден паб во Прага.
Изборен плакат на Партијата за граѓански права или Земановци. Станува збор за партија на левиот центар која во 2009 година ја формира сегашниот шеф на државата Милош Земан, кој порано беше премиер и лидер на социјадемократите.
Празната сала на Долниот дом на чешкиот парламент по одлуката за самораспуштање во август годинава.