Чистач на „шофершајбни“: Се бориме за парче леб наместо да крадеме

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

На повеќе крстосници низ Скопје возачите редовно се среќаваат со чистачите на ветробранските стакла или „шофершајбните“. Од Министерството за внатрешни работи велат дека службениците на терен постојано преземаат мерки и активности, приведуваат и издаваат налози за прекршок, но нашиот соговорник тврди дека досега немал проблем со полиција, иако речиси три години го работи ова. Решил вака да се бори за парче леб, бидејќи како што вели, нема друг избор, откако обидите да најде работа биле безуспешни, а ветувањата лажни.