Четири години ветувања - ни првите два километри од автопатот кон Косово не се завршени
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Во исчекување на првите два километри од автопатот од Скопје до граничниот премин Блаце кој води кон Косово во должина од 12 километри, власта минатиот месец се пофали дека ги „закрпила“ дупките на магистралниот пат Скопје - Блаце. Додека граѓаните возат по обновениот пат, се уште се чека на првиот дел од автопатот чие пуштање во употреба неколку пати се одложуваше, а последното ветување е дека ќе биде готов најдоцна кон почетокот на април оваа пролет.