Сто години хемиско оружје

Вежба на британски војници за одбрана од напад со хемиско оружје за време на Првата светска војна.

Британски фудбалски тим под заштитни маски за време на Првата светска војна во северна Франција 1916 година.

Германски напад со отровен гас на Источниот Фронт за време на Првата светска војна. Фотографијата е направена од руски војник во 1916 година.

Британски војници ослепени од напад со отровен гас чекаат на медицински третман во Франција, 1918 година.

Деветгодишната Фан Ти Ким Пук со други виетнамски деца на 8 јуни 1972 година откако по грешка од јужновиетнамски авион биле истрелани напалм бомби. Ким Пук стана симбол на страдењето на цивилите за време на Виетнамската војна.

Слика за хемискиот напад на ирачкиот режим на Садам Хусеин кога во 1988 година загинале околу 5000 курди.

Курди убиени во нападот со хемиско оружје во североисточниот ирачки град Халабџа на 16 март 1988 година.

Две курдски деца убиени од ирачко хемиско оружје во градот Халабџа, 16 март 1988 година.

Двегодишно девојче родено на брачна двојка која била изложена на отровен гас во болница во градот Хо Ши Мин во 1998 година.

Експерти на ОН за хемиско оружје во Ирак, 1992 година.

Кинески експерти за хемиско оружје по откривањето на стотици бомби со нервен гас што јапонските војници ги оставиле за време на Втората светска војна. Муданџијанг 2006 година. 

Деца завиткани во чаршафи пред да бидат погребани по нападот со отровен гас во предградие на сирискиот главен град Дамаск, 21 август 2013 година.