Бугарски фестивал на кој технологијата е забранета

Жеравна, Бугарија - Без мобилни телефони и друга технологија, илјадници луѓе танцуваа до долго во ноќта, што финишираше со игри околу огромен оган, на 19-ти август.

Меѓународниот фолк фестивал во Жернава, село во источна Бугарија, се одржува од 2008-ма година, со строги правила.

Знак дека се забранети мобилни телефони и фотоапарати

Фотоапарати и мобилни не е дозволено да се користат на местото каде што се одржува фестивалот, а влезот е дозволен само за оние кои носат традиционални народни носии.

И покрај ограничувањата, или токму поради тоа, овој настан стана еден од најпопуларните летни фестивали на Балканот. Според организаторите, годинава учествувале околу 25.000 луѓе, што е најмногу досега.

Евгени Чакаров во традиционална македонска носија

Евгениј Чакаров смета дека ова е еден од најдобрите фестивали во Бугарија.

Неговата носија ја подготвувал неколку години и вели дека го чинела околу 2000 долари.

Чакаров е од бугарскиот град Варна, но носеше традиционална македонска народна носија, бидејќи, како што вели, тоа е неговата најомилена национална носија.

Даниел и Иван од Софија облечени како „ајдуци“, луѓе кои се бореле против Отоманските власти.

Покрај забраната за технологија и храна, на местото на одржжување на фестивалот, забранета е и пластика.

Девојка во традиционална бугарска носија

Организаторите на фестивалот велат дека учесниците мора да се подготват за изолација од цивилизацијата во сите три дена и да се свртат кон традиционалните бугарски културни корени.

Татко и ќерка покажуваат историски оружја, некои од нив користени за време на руско - турската војна на бугарско тло.

Маж покажува домашно изработени ножеви.

Голем број музичари учествуваат на фестивалот

За време на фестивалот се одржуваат и разни натпреварувања, како на пример за најдобра носија.

Но, врвот на настанот е гигантскиот оган, околу кој се свири и се игра.

Илјадници луѓе носат факели и играат традиционални ора, а на крајот сите завршуваат на големиот оган.

Валентин Василев, кој беше на фестивалот со неговата девојка, изјави за РСЕ дека масовното играње околу оганот е неверојатно.

Држејки се за раце, илјадници непознати луѓе играат околу огнот и се чувствуваш како да си дел од синџир на енергија, кој те враќа назад кон претците, вели Василев.