Брутални руски затвори принудуваат затвореници да се борат во Украина
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Сè порепресивните услови во руските затвори ги тераат очајните затвореници да се пријават во војската за да се борат во Украина. Говорејќи за РСЕ од зад решетки во Русија, затвореник од Киргистан вели дека многу осуденици се пријавуваат затоа што не можат да издржат толку тешки затворски услови. Оние кои одбиваат да потпишат воени договори се чуваат во ладни ќелии за изолација и им се дава малку храна или вода, според адвокат кој работи за затворени мигранти.