Гoсподине Бислимовски, имаме намален увоз на струја од 30 проценти на 2,74 во 2023 година. На што се должи тоа?
За прв пат по долги години, увозот е сведен на минимум, и да речеме, горе-долу Македонија во 2023 била неутрална во однос на увозот на електрична енергија. Тоа пред сè се должи на големиот број изградени фотоволтаични електрани, кои што помогнаа македонските компании, особено кои голем дел од нив самите си поставиа фотоволтаици во тамо каде што имаат можност на своите кровови и тоа е една од најголемите причини да го намалиме увозот на електрична енергија. Производството на електрична енергија од фотоволтаични панели во 2023 година е зголемено за речеси 300 проценти и изнесува неколу 300 гигават-часови и кон оваа добра слика која што имаме во однос на увозот на електрична енергија, имаше и фактот дека во првите неколку месеци во 2023, работеше и термоелектраната Неготино.
Овој тренд на изградба на нови фотоволтаици продолжува и сега во оваа година. Некаде за четири месеци веќе имаме издадено нови лиценци за производство на електрична енергија, на електрани коишто се приклучени на соодветната мрежа. Тоа е некаде околу уште 100 мегавати. Со овие бројки коишто ги имаме, во 2024 повторно увозот ќе биде низок, што е добро за државата. Добро е поради тоа што енергијата си ја обезбедуваме сами, не се плаќа за обезбедување на прекугранични преносни капацитети кога увезуваме електрична енергија и тие компании кои што ќе изградат тука флотоволтаици, се домашни компании, кои еве сега и во одредени периоди од годината и заработуваат и тоа е показател дека Македонија кога треба, може добро да се организира.
Видете и ова: Инвестициски бум во соларна енергија, ќе го запре ли увозот на струја?Дали ова може да значи намалување на цената на струјата за домаќинствата?
Досега ова што се изгради придонесе да имаме ситуација во текот на денот, кога произведуваат флотоволтаиците особено во пролетните и летните месеци, да имаме сериозна разлика на цените во тој период од денот. Значи, од кај 10-11 часот до кај 16-17 часот и таа цена е некаде три пати пониска отколку цената после 18-19 часот. Сега треба таа придобивка да ја префрлиме и кај граѓаните. Ние како што знаете минатата година воведовме два часа на евтина струја, во периодот од 13 до 15 часот и тоа го направивме ислучиво затоа што го предвидовме вој процес. Ние знаеме дека во тој период, токму баш од 13 до 15 часот, гледаме дека цената на електричната енергија е исклучително ниска, дури има и периоди кога со негативни цени. Токму од тие причини за еден подолг период, некаде од 2022 па до сега, започнавме да правиме анализа со којашто сакаме да видиме, во период, во секој час, во секој ден од 2022-2023 година па до сега каква е разликата помеѓу тие цени.
И од тие причини ја правиме ова анализа, која ќе ни покаже дали има потреба и дали има можност да воведеме уште еден час дополнителна ефтина струја, која што би се проширила од 15 до 16 часот со единствена цел да испратиме сигнал, и до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум и до ЕСМ, во тие периоди кога цената на електрична енергија е најевтина таа да се купува од берзи со цел во тој таа ниска цена на електрична енергија да биде во корист и на граѓаните. Тоа ќе му овозможи на ЕСМ, во тие периоди, да прави и заштеди на вода и таа вода да се користи за производство на електрична енергија во периоди кога цената на електричната енергија електричната енергија е далеку повисока.
Видете и ова: Земјите постепено да ги исфрлат фосилните горива бара новиот Нацрт-договор на КОП28Значи ќе бидете фокусирани на проширување на евтината тарифа, а не на намалување на цената?
Зголемувањето на евтината тарифа го правиме да се искористи евтината цена на електричната енергија во тие периоди. Исто така, со тој сигнал што го испраќаме до ЕСМ и до ЕВН Хоум да купуваат електрична енергија во тие периоди, особено ЕВН Хоум, ние на некој начин ќе обезбедиме и пониска цена на електрична енергија, која што сосема е возможно да ни обезбеди и намалување на цената на електричната енергија за домаќинствата.
Порано утврдувањето на цената на струјата се правеше еднаш годишно и требаше да биде на крајот на годината. Но, сега цената на струјата ќе ја донесете на крајот на јуни. Зошто сега цената се носи порано?
Од минатата година започнавме носењето на цените да го правиме во текот на месец декември и тие да важат од 1 јануари. Сега ќе направиме исклучок, бидејќи на 30 јуни престанува лиценцата на универзалниот снабдувач. Согласно тоа што го имаме како информација, треба да остане истиот, но формално-правно универзалниот снабдувач во декември набави електрична енергија само за првите шест месеци од годината и сега некаде во текот на месец јуни универзалниот снабдувач треба да набави електрична енергија за преостанатите шест месеци од годината и тоа е една единствена причина зошто сега ќе носиме одлука за универзалниот снабдувач во текот на месец јуни и примената на оваа одлука ќе важи од 1 јули.
Видете и ова: Меѓународни кредитори со 4 милијарди евра ќе го помагаат откажувањето од јагленИмаме либерализиран пазар на струја. Дали цената на универзалниот снабдувач е најевтина за домаќинствата или приватните снабдувачи даваат подобри понуди за граѓаните?
Она што го гледам како информација во 2023 година, а и сега, набавната цена на универзалниот снабдувач реално во изминатиов период беше најевтина, таа сега е некаде 58 евра за мегават час, претходно беше 55 евра, па 50 евра и така што реално обезбедуваше најевтина цена на електрична енергија, поради тоа што ЕСМ ја презема обврската 100 проценти да му ги обезбедува на универзалниот снабдувач. Сега веќе се гледа дека домаќинствата кои што длабоко навлегуваат во четвртиот блок, веќе им е поисплатливо да си купат електрична енергија на слободниот пазар. Тој тренд веќе почнува кај одреден број на домаќинства, но она што е особено изразено е кај малите потрошувачи коишто имаат право да бидат и на регулираниот пазар и да бидат снабдувани од универзалниот снабдувач, тие одат на слободниот пазар, бидејќи сега им е поевтино да излезат на слободниот пазар на електрична енергија. И кога зборам за мали потрошувачи, пред се мислам на дуќанчиња, кафичи, односно комерцијални објекти кои што имаат помала потрошувачка на електрична енергија. Има еден сериозен тренд - тие од регулираниот пазар да одат на слободниот пазар на електрична енергија, каде што јасно е дека нивните трошоци за електрична енергија се намалуваат и за повеќе од 30 проценти.
Целото интервју со претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски може да го погледнете во видеото погоре.