Беспилотно летало удрило во кула во деловниот кварт на Москва, изјави во вторникот градоначалникот на руската престолнина, додавајќи дека противвоздушната одбрана соборила неколку такви дронови.
„Противвоздушната одбрана собори неколку беспилотни летала кои се обидуваа да се движат кон Москва. Еден од тие авиони ја погоди кулата, која веќе беше цел на таков напад“, рече градоначалникот Сергеј Собјанин на Телеграм.
Собјанин рече дека фасадата на 21-от кат на кулата е оштетена и дека се скршени прозорците на површина од 150 метри квадратни.
„Нема информации за жртви“, рече Собјанин, додавајќи дека итните служби се на местото на настанот.
Видете и ова: Песков: Нападот со дронови врз Москва е знак на украинскиот очајМеѓународниот аеродром „Внуково“ во Москва беше привремено затворен пред да се врати во нормална работа, јави ТАСС.
Ноќта меѓу саботата и неделата по напад на украински беспилотни летала било скршено стакло на неколку прозорци на две згради во деловниот кварт на Москва Сити, соопштија руските власти.
Нападите на и околу Москва, лоцирана на околу 500 километри од украинската граница, се ретки од почетокот на конфликтот во февруари 2022 година. Сепак, во последниве месеци, неколку дронови ја гаѓаа Москва, вклучително и напад со беспилотни летала врз Кремљ во мај 2023 година.