Река луѓе против Лукашенко во Минск

Колони жители на Минск одат во центарот на градот, 23.08.2002 година

Протестите беа предизвикани од резултатите од изборите на 9 август, кои му дадоа на Лукашенка нешто повеќе од 80 проценти од гласовите, бројка што веднаш предизвика обвинувања за лажно гласање.

Демонстрациите  станаа најголем предизвик на 26 годишното автократско владеење под Лукашенка. Незадоволството на јавноста со човекот наречен „последниот диктатор во Европа“ е во пораст како резултат контроверзното постапување на претседателот од кризата со коронавирус, што тој го отфрли како „масовна хистерија“.

Лукашенко на состанок со полициските и безбедносните служби на 21 август, два дена пред планираната масовна демонстрација во Минск. Тој го опиша бранот протести како дел од „планот за револуција во боја“. Тој, исто така, вети дека ќе преземе „најстроги мерки“ за да ги заштити границите на земјата од, како што рече, странско мешање.

Утрото пред протестот на 23 август, неколку воени транспортери беа забележани како превезуваат воени лица во Минск

Министерството за одбрана истиот ден издаде изјава во која демонстрантите ги нарекува  „фашисти“ и велејќи дека има распоредено сили за да ги заштити воените споменици. Министерството предупреди дека армијата ќе се „справи“ со она што го опиша како нарушување на мирот и редот на такви места.

Големото присуство на безбедносните сили не изгледаше дека ги одврати демонстрантите, иако повеќе од 7.000 се приведени и стотици претепани откако избувнаа протестите по изборите.

Полицијата ги набљудува демонстранти ина патот кон Плоштадот на независноста.

Голем дел од демонстрантите мавтаа со црвено-бели знамиња и транспаренти, кои станаа симбол на протестното движење.

Знамето го користеше Белоруската Демократска Република во 1918 година пред земјата да стане дел од Советскиот Сојуз. Беше  и официјалното знаме на Белорусија од 1991 до 1995 година, пред да се воведе ново под Лукашенка.

More than 100,000 people are estimated to have attended the protest rally in Minsk on August 23. 

Антивладини протести се одржаа и на друго место во Белорусија на 23 август, како што е овој масовен митинг во западниот град Хродна.

Луѓе ги сликаат демонстрантите додека минуваат покрај нивниот прозорец во центарот на Минск.

Две жени во традиционална венци на главата учествуваат на протестот на Плоштадот на независноста.