Австриската крајна десница со финален изборен митинг среде протестите на опозицијата
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Австриската екстремно десничарска Партија на слободата (ФПО) го одржа својот последен предизборен митинг пред парламентарното гласање и за време на протестите на опозицијата во центарот на Виена. ФПО има тесно водство пред општите избори што ќе се одржат на 29 септември. Херберт Кикл, контроверзниот лидер на партијата, ќе го направи својот последен обид да ги привлече поддржувачите на гласање. РСЕ разговараше со поддржувачите на ФПО и демонстрантите кои дојдоа да протестираат против екстремно десничарската партија.