Последици од најновото руско гранатирање врз Харкив
Една жена реагира по ракетниот напад во кој загина дете во североисточниот град Харкив на 6 октомври. Според украинските власти, ракетните напади рано наутро биле насочени и врз пристанишни објекти во Одеса, на југот на земјата.
Спасувачките екипи го извадија телото на 10-годишно момче. Тимофи, кој беше убиен во нападот што погоди зграда во центарот на Харкив, изјавија на 6 октомври градоначалникот Ихор Терехов и регионалниот гувернер Олех Синјехубов.
"Детето е пронајдено под урнатините на станбена зграда. За жал мртво. Сочувство до родителите и роднините", напиша Терехов на Телеграм.
На местото на нападот се гледа повреден маж. Ранети се најмалку 16 лица, меѓу кои и 11-месечно бебе.
Повредениот маж е згрижен во задниот дел на Брза помош.
Превртен автомобил се гледа во близина на голем кратер по ударот.
Жителите гледаат како екипите за итни случаи работат на местото на настанот.
Спасувачите работат на местото на станбена зграда во Харкив.
Нападот доаѓа помалку од 24 часа по уште еден смртоносен ракетен напад во североисточниот дел на Украина во кој загинаа најмалку 50 луѓе.
Пожарникарите гаснат пожар кој уништи автомобил во близина на станбените згради.
Спасувачки работник држи куче додека локалните жители гледаат.
Москва негира дека намерно гаѓала цивили, но многумина се убиени во напади што погодија станбени области, како и енергетика, одбрана, пристаниште, и други објекти.
Еден човек шета по урнатините на местото на нападот.