Автор: Денис Нестеров
Пилотите и патниците беа на своите места. Авионите – подготвени за полетување. Но, повеќе од 350 летови не можеа да се реализираат според распоредот од интернационалниот аеродром „Шереметјево“ во Москва, два дена во јуни. „Аерофлот“, рускиот државен водечки авиопревозник кој тврди дека е една од најголемите авиокомпании во светот, остана без екипаж во кабините.
Оваа приказна беше споделена на htps://t.me/aviatorshina/4864, каналот на Телеграм на Авиоторшчина, форум за руска авио-индустрија. И тоа, не само еднаш.
Кон крајот на јули, недостигот на пилоти доведе до откажување на 68 летови на „Аерофлот“ надвор од „Шеремтјево“. Неколку други летови беа одложени.
Радио Слободна Европа (РСЕ) ги потврди овие извештаи за невиден недостиг на пилоти и екипажи од три извори од руската авиоиндустрија, кои, како и други интервјуирани извори, кои побараа анонимност за да разговараат за оваа чувствителна тема.
„Во шпицот на сезоната, кога има огромна побарувачка и луѓето се подготвени да потрошат пари за билети, ние не можевме да се справиме“, коментира руски копилот на Ербас А320.
„Ова е изненадувачки“ продолжи копилотот. „Тоа не е прво лето (пик на сезона), но порано секогаш сме успеале да изменаџираме“.
„Аерофлот“ не може да најде авиони, пилоти и екипаж
Но, ситуацијата се промени на 24 февруари 2022 година, со целосната инвазија на Русија на Украина. Две и пол години подоцна, поради санкциите што ги зголемија трошоците и ги намалија приходите, „Аерофлот“ не може секогаш да ги најде авионите, пилотите и екипажот што му се потребни за да работи ефикасно, покажа истражувањето на рускиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).
Почнувајќи од декември 2023 година, руската влада потрошила 1,09 трилиони рубљи (12 милијарди долари) за да ја зајакне руската авио- индустрија со субвенции, заеми, производство на домашни авиони и откуп на изнајмени Боинзи и Ербаси, според податоците на руската влада, покажа анализа на агенцијата Ројтерс.
Но, овие мерки, фокусирани на краток рок, не се доволни за да се обезбеди снабдување со обучени пилоти и екипажи или добро сервисирани авиони, велат експертите.
Откако Боинг и Ербас го ограничија својот бизнис со руските авиопревозници, владата усвои програма во јуни 2022 година за снабдување на руските авиокомпании со 1.036 домашно произведени авиони до 2030 година, што ги натера компаниите да се префрлат на обука за руско производство.
Но, „Аерофлот“ сега вели дека неговиот патнички сообраќај е зголемен - за 21,4 отсто од првата половина на 2023 година на 25,4 милиони патници во првата половина од 2024 година, според дневниот весник „Комерсант“.
Сепак, редуцирањето на распоредот и безбедносните ограничувања за времето на летање на пилотите и екипажот - 90 часа месечно е максимумот на регулаторот Росавијација - значи дека има недостиг на квалификувани тимови за летови.
„Не можеме и не сакаме да летаме повеќе. И никој нема да лета повеќе. Тоа е невозможно и неприфатливо“, коментира вработен во „Аерофлот.
Друг предизвик е да се најдат адекватно сервисирани авиони за сите нови пилоти да летаат.
Санкциите го комплицираат пристапот до резервни делови
Русија одвои 300 милијарди рубљи (3,5 милијарди долари) од својот фонд во 2023 година за наемот на 169 авиони од западните закупци на агенција водена од Росавијација, јави новинската агенција Интерфакс.
Но, санкциите го комплицираат пристапот до резервни делови и сервис и значат дека често странските авиони одат без или се потпираат на „канибализација“ на делови за одржување, како што објави РСЕ во 2023 година.
Видете и ова: Британија со санкции за руски Аерофлот, банки, олигарсиВетените руски замени за овие авиони сè уште не се пристигнати.
Испораките се одложени од 2024 година за најмалку до 2025 година.
Некои експерти се сомневаат дека авионите ќе се појават и тогаш.
„Глобалното производство на авиони се темели на сложени меѓународни синџири на соработка. Не можете да го направите тоа во моментот и сами“, коментира извор од руската авио - индустрија. „Тоа значи дека сега не само што нема доволно пилоти, туку „имате пилоти за ветените руски авиони кои немаат што да летаат“, рече експертот.
Ниски плати на руските пилоти
Оние пилоти кои имаат што да летаат не ги виделе нивните плати индексирани за инфлација, која сега е 9,13 проценти, според Централната банка на Русија.
Платата на руски комерцијален пилот достигнува 350.000 рубли (3.800 долари) месечно, според руски специјалист за безбедност на авиокомпании. Но, тоа е платата за „капетан на голем Боинг со долго работно искуство и кој лета на границата од 90 часа месечно“, рече специјалистот. „Сите други, а тие се мнозинство, добиваат помалку“.
Видете и ова: Како руски производител на борбени авиони продолжи да увезува делови од Западот и покрај санкциите?Оваа максимална плата е рангирана под најниската годишна плата (50.000 американски долари) вклучена во анализата на платите на светските пилоти од 2024 година од страница за вести за воздухопловство.
За да најдат подобра плата - и подобри услови за работа, со соодветно време за одмор, и пилотите и екипажот заминуваат, велат вработените во индустријата.
Авиокомпаниите во Персискиот Залив им нудат на пилотите плати двојно повеќе отколку што можат да заработат во Русија, истакна специјалистот за авиобезбедност.
Трошоците на „Аерофлот“ се зголемени за повеќе од три пати
Во јули, „Аерофлот“ го објави својот прв профит по руската инвазија на Украина во 2022 година, од 42,2 милијарди рубљи (470 милиони долари) за вториот квартал од финансиската 2024 година, објави „Комерсант“.
Во соопштение за печатот од 30 јули, „Аерофлот“ го препиша тој профит на зголемувањето на побарувачката, но призна дека и неговите трошоци се зголемени. Трошоците за гориво, одржување, поправки и резервни делови се зголемени за повеќе од три пати од вториот квартал на 2023 година на речиси 33 милијарди рубљи (367 милиони долари), според „Комерсант“.
Цените на руското млазно гориво се зголемија за 30 отсто од март 2022 година. На долг рок, летовите до таканаречените „пријателски“ земји - Кина, Индија и Турција, на пример - не можат да ги компензираат приходите изгубени од попрофитабилните долги рути до Соединетите Американски Држави или Европската Унија кои ги снема по февруари 2022 година.
Повисоките цени на билетите, зголемени за 25 отсто од 2023 година до еквивалент на 77 долари на 1.000 километри, не можат да направат разлика.
Русија не планира повторно да закупува авиони од Западот
Во меѓувреме, плановите на владата за зајакнување на домашното производство на авиони може да се преиспитаат, објави „Комерсант“ на почетокот на август. И владата не планира повторно да закупува дополнителни западни авиони, рече министерот за транспорт Роман Старовојт кон крајот на јули.
„Во сегашната ситуација, нема да биде можно долго да се одржува подготвеноста за летање на западните авиони“, коментира друг специјалист за безбедност на авиокомпаниите. Без доволно големи авиони подготвени за летови и нови авиони, „дури и среднорочната перспектива е мрачна“, рече тој.
Видете и ова: Црна Гора го затвори воздушниот простор за руски авиони„Аерофлот“ тврди дека ќе го користи својот профит за покривање на растечките трошоци, но меѓу овие трошоци не вклучи повисоки плати за пилотите и за екипажот.
Дури и да се определи за големо покачување на цената „нема да останат пари за повисоки плати на пилотите и подобрување на работните услови “, предупреди специјалистот за безбедност на авиокомпаниите. „Значи, пилотите ќе продолжат да бегаат“.