Според експертите, од постоењето до денес, денарот обезбеди стабилна монетарна политика, но не и економски раст.
Од монетарното осамостојување и воведување на македонскиот денар пред точно деветнаесет години, според експертите, позитивно е што досега се одржала стабилна монетарната политика, но негативно е што не бил обезбеден економски раст. Подготовките за спроведување на монетарното осамостојување започнале веднаш по прогласувањето на независноста и донесувањето на Уставот на Македонија. Еден од членовите на тогашната Комисија за монетарен систем, поранешниот гуверенер Љубе Трпески, вели дека сите потребни документи се работеле во најголема тајност и потоа биле доставени до Собранието, кое донело пакет закони со кои бил поставен монетарниот систем и бил воведен денарот како национална валута. Според Трпески, работата била добро подготвена и народот го прифатил денарот.
„Имајќи предвид со што почнавме, ние почнавме со пет милиони долари, а само за споредба Словенија имаше милијарда марки. Никој не веруваше во стабилноста на денарот. Но, со една конзистентна, пред се, монетарна политика постигнавме ценовна стабилност.“
Професор Марија Зарезанкова Потевска вели дека проблем е што досега не се развил економскиот раст кој негативно се одразува врз вработеноста, БДП, како и извозот, а имало малку вложувања во производствениот процес.
„Наместо да има процес на зголемување на вработеноста, на производството, ние имаме драстичен процес на намалување на вработените во стопанството. Сите овие години тоа е една карактеристика и во секој случај позитивно е тоа што има цврста монетарна политика, но економски развој не обезбедивме каков што ни треба, за жал.“
И според Трпески, во изминативе години економскиот модел се покажал како неефикасен во однос на економскиот раст и намалување на невработеноста на што во иднина треба да се работи.
„На планот на економскиот раст, на планот на намалување на невработеноста, тука треба да се направат промени.“
Името на македонската валута било донесено по предлог на академик Петар Илиевски. Автор на ликот на денарите е Билјана Унковска, а дизајнот на првата емисија на банкноти е на графичкиот дизајнер Борче Николоски. Банкнотите се исцртани со објекти од македонското културно наследство, а металните пари со претставници на биодиверзититетот во земјава.
Ние почнавме со пет милиони долари, а само за споредба, Словенија имаше милијарда марки. Никој не веруваше во стабилноста на денарот. Но, со една конзистентна, пред се, монетарна политика постигнавме ценовна стабилност.
„Имајќи предвид со што почнавме, ние почнавме со пет милиони долари, а само за споредба Словенија имаше милијарда марки. Никој не веруваше во стабилноста на денарот. Но, со една конзистентна, пред се, монетарна политика постигнавме ценовна стабилност.“
Професор Марија Зарезанкова Потевска вели дека проблем е што досега не се развил економскиот раст кој негативно се одразува врз вработеноста, БДП, како и извозот, а имало малку вложувања во производствениот процес.
Наместо да има процес на зголемување на вработеноста, на производството, ние имаме драстичен процес на намалување на вработените во стопанството. Сите овие години тоа е една карактеристика и во секој случај позитивно е тоа што има цврста монетарна
политика.