Гран при за Коловски во Франција

Младиот хармоникаш Александар Коловски ја прима наградата

Младиот македонскиот хармоникаш Александар Коловски се врати со две големи награди од штотуку завршениот 14-ти интернационален фестивал Монтрон Ле Бан во Франција.
Александар Коловски е уште еден млад македонски музичар пред кого претстои убава интернационална кариера. Ова момче, инаку студент на трета година на Факултетот за музичка уметност во класата на професор Златко Маневски, неодамна доби две значајни награди на 14-от
Мене ми се драги сите награди, но ова ми е посебно драго затоа што овде не слушаа луѓе кои што се специјализирани токму за овој
инструмент.
Интернационален фестивал Монтрон Ле Бан во Франција - Гран-при во категорија сениори за класична музика и втора награда во вариети или слободни форми.

Иако, досега е добитник на повеќе државни и интернационални признанија, Коловски истакнува дека последниве му се особено драги бидејќи се освоени пред комисија во која се врвни професори, композитори и инструменталисти како славниот Франк Анџелис чие дело Амалгам тој го свирел на натпреварот и Домие Мурин, која на свои 15 години победила на светски куп во сениорска категорија.

Александар Коловски

„Мене ми се драги сите награди, но ова ми е посебно драго затоа што овде не слушаа луѓе кои што се специјализирани токму за овој инструмент.“

Коловски потекнува од музичко семејство и негов прв учител на хармоника бил татко му за да потем продолжи во средното музичко училиште Илија Николовски Луј и на музичката академија, а едновремено посетува мастер студии кај Фредерик Дешамп, еден од најпознатите композитори за хармоника во светот, во градот Монтаржи во близина на Париз.

За средбата со овој некогашен професор на конзерваториумот во француската метропола и начинот на соработка, Александар дополнува:

„Тој прв пат ме слушна во Шкотска, свирев на Светскиот куп на сениори, и така се случи нашата комуникација. Ме покани да престојувам во неговиот дом, а потоа станав и негов студент. Одам таму да се видиме, да одржиме час, и некако да се навикнеме на дисциплината која се почитува таму, затоа што некако тоа овде не се почитува многу и не би можел да го одржам темпото.“
Тој прв пат ме слушна во Шкотска, свирев на Светскиот куп на сениори, и така се случи нашата комуникација. Ме покани да престојувам во неговиот дом, а потоа станав и негов
студент.

Инаку, младиот македонски хармоникаш во неколку наврати свирел во Колмар, Монако, Нормандија... бил гостин и во емисии на француската телевизија, а на 13 мај ќе одржи солистички концерт во една од галериите на Културно-информативниот центар во Скопје.

„Во првиот дел ќе свирам класична музика.“

Кон ова само уште информацијата дека во јули Коловски повторно заминува во Франција за да ги заврши своите мастер студии, а во октомври ќе учествува на најголемиот светски натпревар за хармоника што ќе се одржи во Шангај, во Кина.