Повеќе од 5.000 улични прослави се планираат низ Велика Британија за свадбата на принцот Вилјам и Кејт Мидлетон. Свадбената церемонија е закажана на 29 Април. Властите во Обединетото Кралство добиле околу 800 барања за улични прослави поради кои би било потребно блокирање на сообраќајот во неколку населени места. Надлежните претпоставуваат дека покрај пријавените прослави, во Британија ќе се одржат уште најмалку илјада забави за кои не е потребна посебна дозвола.