Со сто гласа пратеник

скопје

Засега не се знае бројот на гласачи на избирачкиот список, а иселениците што сакаат да гласаат ќе мора да се пријават во амбасадите или конзулатите.
Иселениците кои ќе сакаат да го искористат правото на глас на престојниве парламенатарни избори ќе треба да пополнат пријава за гласање со која ќе се евидентираат во најблиските амбасади. Во Државната изборна комисија велат дека таквите пријави ќе бидат објавени на интернет-страниците на Министерството за надворешни работи , на страната за комисијата, и на дипломатско-конзуларните претставништва. Ваквите пријави ќе бидат
Точната бројка колку луѓе ќе гласаат ќе биде колку ќе се пријават. Односно во најпопуларните весници и медиуми во тие земји ќе се објави оглас во кој ќе се повикаат сите македонски граѓани, државјани кои се заинтересирани да гласаат да ја пополнат таа пријава и достават до најблиската амбасада или конзулат.
објавени и во најпопуларните весници и други медиуми во земјите каде што живеат иселениците.

Од објавувањето на јавниот оглас, иселениците ќе имаат рок од 10 дена да ги пополнат пријавите и да ги достават до најблиската амбасада. Дел од амбасадите веќе започнале со објавување на јавните огласи. Портпаролот на министертвото за надворешни работи Борче Стамов вели дека во овој процес, Министертвото ќе даде логистичка поддршка на Државната изборна комисија. Тој додава дека засега не се знае колку гласачи ќе брои избирачкиот список.

„Точната бројка колку луѓе ќе гласаат ќе биде колку ќе се пријават. Односно во најпопуларните весници и медиуми во тие земји ќе се објави оглас во кој ќе се повикаат сите македонски граѓани, државјани кои се заинтересирани да гласаат да ја пополнат таа пријава и достават до најблиската амбасада или конзулат.“

Скапо гласање за дијаспората.

Потпретседателот на Државната изборна комисија Субхи Јакупи вели за сега немаат податоци колку гласачки ливчиња ќе треба да се испечатат за дијаспората.

„Но, до јавниот увид ќе биде десет дена и после тоа кога ќе се заклучи ќе ја знаеме точната бројка – колку се пријавени и каде се пријавени. Тогаш ќе знаеме и за колку гласачи ќе се печати материјал за доставување на денот на изборите, а тоа ќе биде еден ден пред изборите тука.“
Но, до јавниот увид ќе биде десет дена и после тоа кога ќе се заклучи ќе ја знаеме точната бројка – колку се пријавени и каде се пријавени. Тогаш ќе знаеме и за колку гласачи ќе се печати материјал.

Кандидати за пратеници кои ќе ја претстатвуваат дијаспората може да бидат граѓани кои живеат во Македонија или странство, а се членови на политички партии кои се регистрерани во државната изборна комисија или независни пратеници, кои за својата кандидатура ќе треба да соберат 1000 потписи од иселеници за да може да се кандидираат. Јакупи вели дека кандидатите за пратеници од изборните единици 7,8 и 9 ќе се бираат по други правила.

„Во измените и дополнувањата на Изборниот законик се предвидува дека најмалку два посто треба да излезат од пријавените за гласање во дијаспората. Значи, тоа е два посто.“

Државната изборна комисија побара 6,6 милиони евра за спороведувањето на целиот изборен процес од кои 1,2 милиони евра ќе бидат наменети за изборите во дијаспората. Само 300 илајди евра ќе чинат огласи во најтиражните весници во странските земји во кои Македонија има дипломатско конзуларни претствништва.