Избори се ближат, сите „тријат раце“ и се надеваат дека ќе ќарат нешто - реклами, тендери, вработување...
Изборите се како берза, сите гледаат да ќарат нешто и да заработат. Тие се исплатлив бизнис, за сите. Пред избори „раце тријат“ маргетинг-агенциите, печатниците, медиумите, па потоа сниматели, пејачи, текстилни погони, обезбедувачи. Се претпоставува дека за време на изборната кампања се сливаат илјадници евра во фирмите организатори и помагатели на изборите, но никој јавно не говори колку заработуваат, плашејќи се да не си го изгубат бизнисот, кој е мошне доходовен, бидејќи во земјава избори имa речиси секоја година. Пред изборите, партиите формираат врски со бизнис заедницата, со анонимни донатори, а таа врска продолжува и по изборите, па партијата мора некако да им се одлжи на тие со кои соработувала или да ги казни оние кои одбиле да дадат некој денар. Партиите се должни да доставуваат извештаи за тоа како се финансираат, но практиката покажала дека тие извештаи се нецелосни, некои партиите не ги ни доставуваат, а има и голем број на недостедности. Па така постои еден џентламенски договор зa премолчување, фирмите не сакаат да им се спомнува името и колку пари даваат и заработуваа, за да не случајно спротивната партија тоа им го земе за зло, а партиите како по некое правило велат дека за време на избори потрошиле во рамките на дозволеното.
Фирмите финансираат партии?
Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори вели дека финансирањето на партиите од страна на компаниите треба да биде транспарентно.
„Со тоа, самото финансирање од страна на приватниот сектор на политичките партии ќе биде оневозможено да биде коруптивно, значи ако е транспарентно и јавно тогаш нема да биде коруптивно, а се додека е нетранспарентно подлежи на сомнеж.“
Токму во финансирањето на партиите, започнува корупцијата во политиката, вели Илми Селами од Државната комисија за спречување корупција. Селами вели дека фирмите ги помагаат партиите, а потоа очекуваат одредени бенифиции од сето тоа.
„Не даваат за да ги враќаш во смисла на кредит, туку ги даваат за да неколку кратно после им бидат вратени, да речеме за да бидат кренати рампите на границите, да нема инспекциска контрола, за УЈП да неможе да ги контролира итн.“
Изборите се добра бизнис зделка, оној што дава, смета дека по изборите тоа троструко ќе му се врати, а партиите имаат интерес да ги штитат изворите на финасирање, вели антикорупционерката Вања Михајлова. Еден од начините партијата која е на власт да се одолжи, се „местење“ на тендери:
„Се законски би изгледало, меѓутоа така ќе бидат направени критериумите за избор на најповолна понуда, значи техничките спецификации така ќе бидат утврдени што ќе се види дека се фаворизира одредена фирма. Или високи стандарди ќе се утврдат, да има толку и толку вработени при што точно се наведува и кадарот и финансиската страна, што може да ја исполнат една или две компании, што би ги елиминирало другите. Значи законски на некој начин како да има покритие иако се гледа дека се тоа манипулативни критериуми, што е многу приустно во праксата.“
Финансиските извештаии на партиите, тајна
Но, во практика се покажува дека не постои политичка волја да се надминат сите овие недоследности, вели Михајлова.
Во извештаите на политичките партии за тоа колку пари потрошиле за изминатите изборни кампањи, речиси и да не е наведено името на ниту една голема компанија. На листата донатори се јавуваат само физички лица и непознати компании кои донирале незначителни суми.
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека фирмите се плашат да кажат дека соработуваат со одредена партија, пред избори бидејќи се плашат да не случајно победи другата, па тие да имаат последици. Па затоа се изнаоѓаат начини, фирмите сепак да даваат пари, но тоа да биде тајно.
„Во пракса тоа се прави на многу едноставен начин, со своите расходи ги покриваат фактурите, расходите на партиите со нивно преправање како да станува збор за нивни матерални трошоци, така што тоа не може ниту една инспекција да го открие, бидејќи компаниите се контролираат само за да ги платат даноците, подлабоко ниту една инспекција не оди да гледа кои се детално расходите, поединечно на одделни компании.“
Хајредини вели дека партиите прават и индиректен притисок кон фирмите тие да донираат за кампањите, да не си го побаруваат својот долг доколку го имаат, па дури се оди и до таму да се бара и од работниците да гласаат заодредена партија.
„Еве сега на пример што ќе прави владејачката партија, таа доби 100-тина милиони од градежните фирми што учествуваа во реализацијата на објектите од проектот „Скопје 2014“ и сега ги уценуваат да не ги бараат парите, а од друга страна ги уценуваат да пропагираат меѓу своите работници сите да гласаат за оваа партија, затоа што ако таа изгуби се плашат дека опозициската партија ако победи дека ќе ги гледа сите тие тендери, па ќе ги оспорува нивните побарувања.“
Но, Чекречи вели дека, барем во нивниот Сојуз, досега немало таков тип на притисоци.
„Меѓу нашиве членки немаме такви сознанија, тоа најверојатно доброволно се врши, затоа што нели бизнисмените се определени за определени партии, некои се вон партиски, но некои се определени, меѓутоа за некакви притисоци да мораш да дадеш, немам чуено.“
Со последните измени на Изборниот законик, фирмите наместо максимум 20 илјади евра, можат да искористат пет проценти од вкупните приходи во изминатата година за финансирање на кампањите на политичките партии. На тој начин на сметките на партиите ќе се најдат многу пари, ако се има предвид дека во земјава има компании што остваруваат годишни приходи од над 100 милиони евра.
И медиумите финансиери на политички кампањи
Извештаите на политичките партии за минатите избори покажаа дека главни финансиери на кампањите се медиумите. Иако Советот за радиодифузија побара со Изборниот законик да се ограничи можноста медиумите да бидат донатори на одредени политички партии во изборната кампања да им даваат милионски попусти за платено политичко рекламирање, тој предлог не помина. Со тоа што е отфрлен предлогот, се остава можност да се повтори практиката, телевизиите да донираат милионски суми во текот на изборната кампања, како што беше на минатите избори.
Во 2009 година, на листата на донатори на ВМРО-ДПМНЕ за претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов телевизијата Канал 5 во услуги донирала над 1,7 милион евра, телевизијата А1 дала попуст од безмалку 600 илјади евра, а телевизијата Сител донирала околу 410 илјади евра.
Првиот човек на Советот за радиодифузија Зоран Стефаноски вели дека медиумите треба да им понудат исти услови на сите учесници во изборната кампања, осносни исти цени за сите. Медиумите се должни во рок од пет дена по распишување на изборите да достават ценовници до Советот за радиодифузија. Но и доколку медиумите не ги почитуваат одредбите што се однесуваат на правилата за овозможување рамноправен пристап за политичко рекламирање, медиумите се соочуваат со релативно ниски казни, вели Стефаноски.
„Можам да кажам, за жал мислев дека ќе бидат повисоки санкциите, некои и се намалени, се казнува и радиодифузерот, но и одговорните лица ворадиодифузерот зависно од прекршокот, зависно од тоа дали се работи за непочитување на правилниците, дали се работи за недоставување на ценовници, надминување на дозволеното време за платено политичко рекламирање итн, значи има различни казни кои се движат од 3 до 5 илјади евра, но некои казни се движат и од 300 до 1000 евра што за мене е навистина смешна сума.“
Добар дел од сопствениците на медиумите се политички активни или блиски до некоја партија, па оттаму најголем дел од медиумите се создадени да им служат на политичките ментори, а не на јавноста, вели претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани.
„Ваква опседнатост на партиите со желба да ги контролираат медиумите има само едно објаснување – ниту една од нив нема идеја како да ја извлече земјата од оваа сериозна криза, место понуда на нив им се потребни медиумите преку кои создаваат лажна слика во јавноста, практично преку манипулација на медиумите во Македонија продолжува кризата во која сме веќе 20 години, од друга страна медиумите реално се под силен политички притисок, сопствениците на медиумите неможат да го издржат овој притисок и затоа ги ставаат медиумите во служба на една или друга партија.“
Медиумите се ставаат во улога на партиите и поради економски причини, вели комуникологот Марко Трошаноски:
„Ставени се во функција на партиите, пред се оние ,,провладини медиуми“, поради тоа што посебно во услови на економска криза, рекламниот колач односно оној дел што сочинува преку 90% од вкупните приходи на еден медиум тие го остваруваат преку реклами, и сега кога им е опаднато рекламирањето, главен извор на рекламирање се државните реклами и кампањи и нормално поради тоа едноставно економска логика им беше во корист да известуваат во интерес на владата.“
На изборите веќе не се гледа како на борба меѓу идеологии, туку на период кога можат да се заработат огромни суми на пари, велат експертите. За трошењето да биде транспарентно, да се намали корупцијата, притисоците, потребна е политичка воља и да се почитуваат законите, но барем досега практиката покажала дека политичка воља нема, па затоа експертите очекуваат уште едни избори финансирани од црни фондови, матни зделки и тајни договори.
Со тоа самото финансирање од страна на приватниот сектор на политичките партии ќе биде оневозможено да биде коруптивно, значи ако е транспарентно и јавно тогаш нема да биде коруптивно, а се додека е нетранспарентно подлежи на
сомнеж.
Фирмите финансираат партии?
Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори вели дека финансирањето на партиите од страна на компаниите треба да биде транспарентно.
„Со тоа, самото финансирање од страна на приватниот сектор на политичките партии ќе биде оневозможено да биде коруптивно, значи ако е транспарентно и јавно тогаш нема да биде коруптивно, а се додека е нетранспарентно подлежи на сомнеж.“
Токму во финансирањето на партиите, започнува корупцијата во политиката, вели Илми Селами од Државната комисија за спречување корупција. Селами вели дека фирмите ги помагаат партиите, а потоа очекуваат одредени бенифиции од сето тоа.
„Не даваат за да ги враќаш во смисла на кредит, туку ги даваат за да неколку кратно после им бидат вратени, да речеме за да бидат кренати рампите на границите, да нема инспекциска контрола, за УЈП да неможе да ги контролира итн.“
Изборите се добра бизнис зделка, оној што дава, смета дека по изборите тоа троструко ќе му се врати, а партиите имаат интерес да ги штитат изворите на финасирање, вели антикорупционерката Вања Михајлова. Еден од начините партијата која е на власт да се одолжи, се „местење“ на тендери:
Не даваат за да ги враќаш во смисла на кредит, туку ги даваат за да неколку кратно после им бидат вратени, да речеме за да бидат кренати рампите на границите, да нема инспекциска контрола, за УЈП да неможе да ги контролира итн...
„Се законски би изгледало, меѓутоа така ќе бидат направени критериумите за избор на најповолна понуда, значи техничките спецификации така ќе бидат утврдени што ќе се види дека се фаворизира одредена фирма. Или високи стандарди ќе се утврдат, да има толку и толку вработени при што точно се наведува и кадарот и финансиската страна, што може да ја исполнат една или две компании, што би ги елиминирало другите. Значи законски на некој начин како да има покритие иако се гледа дека се тоа манипулативни критериуми, што е многу приустно во праксата.“
Финансиските извештаии на партиите, тајна
Но, во практика се покажува дека не постои политичка волја да се надминат сите овие недоследности, вели Михајлова.
Во извештаите на политичките партии за тоа колку пари потрошиле за изминатите изборни кампањи, речиси и да не е наведено името на ниту една голема компанија. На листата донатори се јавуваат само физички лица и непознати компании кои донирале незначителни суми.
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека фирмите се плашат да кажат дека соработуваат со одредена партија, пред избори бидејќи се плашат да не случајно победи другата, па тие да имаат последици. Па затоа се изнаоѓаат начини, фирмите сепак да даваат пари, но тоа да биде тајно.
„Во пракса тоа се прави на многу едноставен начин, со своите расходи ги покриваат фактурите, расходите на партиите со нивно преправање како да станува збор за нивни матерални трошоци, така што тоа не може ниту една инспекција да го открие, бидејќи компаниите се контролираат само за да ги платат даноците, подлабоко ниту една инспекција не оди да гледа кои се детално расходите, поединечно на одделни компании.“
Хајредини вели дека партиите прават и индиректен притисок кон фирмите тие да донираат за кампањите, да не си го побаруваат својот долг доколку го имаат, па дури се оди и до таму да се бара и од работниците да гласаат за
Еве сега на пример што ќе прави владеачката партија, таа доби 100-тина милиони од градежните фирми што учествуваа во реализацијата на објектите од проектот „Скопје 2014“ и сега ги уценуваат да не ги бараат парите, а од друга страна ги уценуваат да пропагираат меѓу своите работници сите да гласаат за оваа партија, затоа што ако таа изгуби се плашат дека опозициската партија ако победи дека ќе ги гледа сите тие тендери, па ќе ги оспорува нивните
побарувања.
„Еве сега на пример што ќе прави владејачката партија, таа доби 100-тина милиони од градежните фирми што учествуваа во реализацијата на објектите од проектот „Скопје 2014“ и сега ги уценуваат да не ги бараат парите, а од друга страна ги уценуваат да пропагираат меѓу своите работници сите да гласаат за оваа партија, затоа што ако таа изгуби се плашат дека опозициската партија ако победи дека ќе ги гледа сите тие тендери, па ќе ги оспорува нивните побарувања.“
Но, Чекречи вели дека, барем во нивниот Сојуз, досега немало таков тип на притисоци.
„Меѓу нашиве членки немаме такви сознанија, тоа најверојатно доброволно се врши, затоа што нели бизнисмените се определени за определени партии, некои се вон партиски, но некои се определени, меѓутоа за некакви притисоци да мораш да дадеш, немам чуено.“
Со последните измени на Изборниот законик, фирмите наместо максимум 20 илјади евра, можат да искористат пет проценти од вкупните приходи во изминатата година за финансирање на кампањите на политичките партии. На тој начин на сметките на партиите ќе се најдат многу пари, ако се има предвид дека во земјава има компании што остваруваат годишни приходи од над 100 милиони евра.
И медиумите финансиери на политички кампањи
Извештаите на политичките партии за минатите избори покажаа дека главни финансиери на кампањите се медиумите. Иако Советот за радиодифузија побара со Изборниот законик да се ограничи можноста медиумите да бидат донатори на одредени политички партии во изборната кампања да им даваат милионски попусти за платено политичко рекламирање, тој предлог не помина. Со тоа што е отфрлен предлогот, се остава можност да се повтори практиката, телевизиите да донираат милионски суми во текот на изборната кампања, како што беше на минатите избори.
Во 2009 година, на листата на донатори на ВМРО-ДПМНЕ за претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов телевизијата Канал 5 во услуги донирала над 1,7 милион евра, телевизијата А1 дала попуст од безмалку 600 илјади евра, а телевизијата Сител донирала околу 410 илјади евра.
Првиот човек на Советот за радиодифузија Зоран Стефаноски вели дека медиумите треба да им понудат исти услови на сите учесници во изборната кампања, осносни исти цени за сите. Медиумите се должни во рок од пет дена по распишување на изборите да достават ценовници до Советот за радиодифузија. Но и доколку медиумите не ги почитуваат одредбите што се однесуваат на правилата за овозможување рамноправен пристап за политичко рекламирање, медиумите се соочуваат со релативно ниски казни, вели Стефаноски.
„Можам да кажам, за жал мислев дека ќе бидат повисоки санкциите, некои и се намалени, се казнува и радиодифузерот, но и одговорните лица во
Ваква опседнатост на партиите со желба да ги контролираат медиумите има само едно објаснување – ниту една од нив нема идеја како да ја извлезе земјата од оваа сериозна криза, место понуда на нив им се потребни медиумите преку кои создаваат лажна слика во јавноста, практично преку манипулација на медиумите во Македонија продолжува кризата во која сме веќе 20 години.