Скопски филмски фестивал

Скопски филмски фестивал 2011

Со премиерата на „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски и претставувањето на легендарниот полски режисер Криштоф Зануси, започнува 14-то издание на СКОПСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ.
Експлозија на Грег Араки, Жена, пиштол и продавница за нудли на Чанг Имо, Отчукувања на срцето на Хавиер Долан... во Главната програма, Поезија - најтивкиот и тематски најцелосниот филм на корејскиот автор Ли Ченг Донг, Осаменоста на простите броеви на Саверио Костанцо, филм базиран на бестселерот на Пауло Џордано во Програмата за авторски филм, оскаровците Социјална мрежа и Говорот на кралот во делот за гала премиери ...се само дел од остварувањата што ќе бидат прикажани на престојниот 14 Скопски филмски фестивал.
Во светската кинематографска продукција се уште го има она што се нарекува добар филм, значи добра приказна, естетика. И мислам дека мотото на Скопје филм фестивал оваа година е токму тоа, добар филм.


„Во светската кинематографска продукција се уште го има она што се нарекува добар филм, значи добра приказна, естетика. И мислам дека мотото на Скопје филм фестивал оваа година е токму тоа, добар филм“, вели Иво Антов, првиот човек на манифестацијата.

Инаку, отворањето на фестивалот овојпат ќе биде сторено со проекцијата на македонскиот долгометражен филм „Панкот не е мртов“, работен по сценарио и режија на Владимир Блажевски.

Илустрација: Снимање филм

„Филмот е радикално скопски и првото негово јавно прикажување ќе биде токму во Скопје.“

Улогите во овој нискобуџетна црна комедија ги толкуваат Тони Михајловски, Јордан Симонов, Камка Тоциновски, Кирил Поп Христов и Владимир Тулиев, костимите се на Илина Ангеловска, музиката на Александар Пејовски, а Антов дополнува дека:

„Секоја генерација си има свој филм, мислам дека „Панкот“ ќе биде филм на оваа генерација.“

На отворањето се очекува и присуството на големата легенда на европскиот филм – полскиот режисер Криштоф Зануси кој ќе стане
Секоја генерација си има свој филм, мислам дека ,,Панкот“ ќе биде филм на оваа генерација.
почесен професор на Факултетот за драмски уметности и кому ќе му биде доделена специјална фестивалска награда.

Од друга страна, пак, овдешните љубители на филмот со нагласено внимание се очекува да ја проследат и програмата посветена на 20-годишнината од главноградскиот андеграунд насловена како Скопје 90-те во рамките на која ќе бидат прикажани Маклабас, Кокино, Светло сиво, Н.Е.П...дела на Драган Абјаниќ, Златко Трајковски, Ацо Станковски, Александар Поповски и Дарко Митревски, Игор Иванов и други.

„Бидејќи андерграундот веќе го нема мислам дека ова е една оставштина од еден период кој што мислам дека на културното миље на Македонија нешто и значи“, вели Влатко Галевски, еден од потписниците на филмот Маклабас.