Избори - и се е можно

Владата ги намали давачките за нафтата за четири денари по литар. Граѓаните велат - не пиеме нафта, позитивни работи има само пред избори.
Пред избори се е можно. Вака граѓаните реагираат по синоќешната одлука на Владата да ги намали давачките за нафатата за четири денари по литар. Граѓаните го поздравуваат овој потег иако, како што велат, е само маркетиншки трик . Тие се жалат дека и ова намалување не е доволно, затоа што цената е многу висока, а нивниот стандард е се понизок.
Смешно е тоа. Само кога има избори се случуваат „позитивни“ работи.

„Смешно е тоа. Само кога има избори се случуваат позитивни работи.“

„Видете, можеби е маркетиншки трик е на владата, а народот тоа можеби ќе го оцени или казни.“

Тие стравуваат дека по изборите, нафтените деривати повторно ќе се вратат на рекорните цени од претходно.

„Мислам дека ќе биде повисоко, треба да се наполни буџетот, да се направат спомениците.“

Таксистите се жалат дека, со овие цени на горивата, работата им е неисплатлива.

Возачите на такси велат дека со постојаните промени на цените на горивото не им се исплатува повеќе да возат.

„Со оваа цена на бензинот, никогаш не бил преку 80 денари. Не се исплати да возиш, работиш само за трошоци.“

Експертите велат дека оваа одлука на Владата треба да влијае врз потрошувачите, логично е кога се намалува цената на нафтените деривати да поефтинат и останатаите производи кои до сега поскапеа, но во земјата тоа
Ќе треба намалување на предвидените средства за државата. Но, се надевам дека државата има предвид дека овие средства мора да се надополнат од друга страна, дали преку нови форми на
приходи итн.
не пракса. Професор Мирач Хани вели дека оваа одлука негативно ќе влијае врз буџетот.

„Ќе треба намалување на предвидените средства за државата. Но, се надевам дека државата има предвид дека овие средства мора да се надополнат од друга страна, дали преку нови форми на приходи итн.“

Во моментов, горивата на бензиските пумпи се продаваат за највисоки можни цени до сега. Од оваа цена, речиси половина или повеќе од 35 денари од секој литар бензин и 23 денари од литар дизел одат на сметка на државата, а останатиот дел е рафинериската цена и трговската маржа.

Пред еден месец, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески рече дека владата не размислува за намалување на акцизата за горивата затоа што со намалувањето на акцизата би се довела во опасност исплатата на пензиите, социјалните давачки и финансирањето на капиталните проекти.Ставрески денеска изјави дека со оваа 4 месечна мерка за намалувањето на акцизите за горивата, Владата се откажува од прилив од околу 10 милиони евра во буџетот.