Штетен патриотизам

Зградата на Владата

Губењето на сите битки за името на меѓународен план, според експертите покажува дека владината политика на патриотизам е лажна и само за домашна употреба.
Водењето нагласена политика на патриотизам на актуелната власт негативно се одразува на меѓународен план, анализира стручната јавност. Замената на придавката ’македонски’ со ’на поранешната југословенска Република Македонија‘, е уште еден доказ за неуспехот на македонската
Некористењето на таа придавка кажува многу, дека тој патриотизам кој оваа влада го промовира бил само за внатрешна употреба и тој патриотизам не бил воопшто поддржан во меѓународната политика на нашата држава и тука значи се создавало лажно сфаќање кај граѓаните.
дипломатија, вели политичкиот аналитичар Артан Садику.

„Некористењето на таа придавка кажува многу, дека тој патриотизам кој оваа влада го промовира бил само за внатрешна употреба и тој патриотизам не бил воопшто поддржан во меѓународната политика на нашата држава и тука значи се создавало лажно сфаќање кај граѓаните на Македонија - демек сегашната влада ги брани интересите на Македонија.“

Но, токму тој патриотизам кој Садику го нарекува лажен, може да предизвика обратен ефект кај гласачите. Кога во време на предизборие се обидувате да добиете глас повеќе на сметка на патриотизмот и идентитетските теми, а во меѓувреме ги губите позициите во спорот со името, тогаш и граѓаните можат да казнат, предупредува Садику.

Придавката ’македонски‘ исчезна од резолуцијата на Европскиот парламент

„Тогаш навистина би се довеле во ситуација во која граѓаните ќе видат дека тие навистина се трудат да ги залажат.“

За професорот по меѓународно право Владимир Ортаковски заманата на придавката ’македонски‘ во резолузијата на Европскиот парламент не е неочекувана и не е последица на внатрешно-партиски препукувања. Во ОН, делегацијата на Република Македонија е претставувана како делегација од БЈРМ, вели Ортаковски.

„Тоа е причината зашто некогаш ќе се појави, некогаш нема да се појави
На внатрешно поле сите сакаат да удрат на таа податлива жица на патриотизам, меѓутоа работата е да не претераат па тој патриотизам да го направат
национализам.
придавката „македонски“ јазик, држава итн. Таму не можете да продавате патриотизам.“

Иако пред избори, секој политички субјект сака да промовира политика на патриотизам, треба да се биде внимнателен тој тренд да не прерасне во национализам, предупредува Ортаковски.

„На внатрешно поле сите сакаат да удрат на таа податлива жица на патриотизам, меѓутоа работата е да не претераат, па тој патриотизам да го направат национализам, а на меѓународно поле дај боже ќе се реши прашањето па тогаш нема да се препукуваме внатре со надворешно-политички теми.“

Меѓународната позиција на на Македонија е спротивна од онаа која актуелната власт ја пропагира на внатрешен план, и токму затоа, експертите сугерираат поголема одговорност и претпазливост од страна на актуелното владејачко раководство.