Во Франција стартува забраната за носење бурки

Муслиманка со бурка во боите на француското знаме

Во Франција денеска стапува на сила Законот за забрана на јавно носење на облека која го покрива лицето. Франција е првата европска држава која воведе таква забрана.
Забраната првенствено се однесува на жените кои носат муслимански
ниџаб или бурка на јавни места. Оние што одбиваат да се придржуваат на забраната може да се соочат со казна од 150 евра. Но казни следуваат и за мажите кои со сила ќе ги принудат жените да носат шамии. Поддржувачите на забраната велат дека тоа е потребно за поголема безбедност, како и дека тоа се прави за родова еднаквост. Критичарите пак велат дека забраната го повредува правото на слободно изразувањето на религијата.