„Скопје 2014“ - криминал или...?

По забелешките за незаконско трошење пари за проектот „Скопје 2014“, во Јавното обвинителство молк. Антикорупциска нема да работи на случајот.
Јавното обвнителство го разгледува извештајот на државниот завод за ревизија за општина Центар во врска со проектот „Скопје 2014“ изјави денеска Илми Селами од Антикорупциската Комисија. Тој вели дека
Во Комисијата нема да работиме во врска со тоа, затоа што Јавното обвинителство веќе презема дејствија и исходот на постапувањето би бил ист и доколку постапи Државната Комисија. Значи оставаме во рацете на Јавното обвинителство
Комисијата одлучила да не работи засега на овој случај за да не се преклопуваат во работата со Јавното обвинителство.

„Во Комисијата нема да работиме во врска со тоа, затоа што Јавното обвинителство веќе презема дејствија и исходот на постапувањето би бил ист и доколку постапи Државната комисија. Значи оставаме во рацете на Јавното обвинителство и се надеваме дека брзо ќе биде завршен случајот и дека јавноста ќе биде запознаена.“

Невладината организација „Трансперенси интернејшнал“, вчера соопшти дека утврдила незаконско трошење на пари од државниот буџет за изградбата на спомениците од проектот ,,Скопје 2014“. Претседателката на организацијата Слаѓана Тасева изјави дека во ревизорскиот извештај не може точно да се види која од институциите на Влада ги испраќала парите кон општина Центар и по кој основ.

Според експертите во случајот треба да се вклучи и Антикорупциската комисија

Во писмената реакција на општината Центар за наводите на невладината „Транспарентност интернејшнал“ е наведено дека сите проекти се во согласност со процедурите, а постапката во која се одвиваа беше транспарентна и јавна.

Поранешниот член на Антикорупциската комисија Драган Малиновски вели дека изнесените констатации во извештајот на државниот ревизор содржат голем број на прекршувања на законот. Тој смета дека со овој извештај сериозно ќе треба да се позанимаваат многу институции.

„Јавното обвинителство го третира кривично-правниот аспект на проблемот, меѓутоа другите аспекти или координацијата на сета одговорност би требало да ја земе предвид Антикорупциската комисија, затоа што кога говориме за
Јавното обвинителство го третира кривично правниот аспект на проблемот, меѓутоа другите аспекти или координацијата на сета одговорност би требало да ја земе предвид Антикорупциската комисија.
одговорност таа може да биде на повеќе нивоа, може да биде и прекршочна, може да биде и кривична.“

Малиновски додава дека најголема тежина ќе биде врз постапката на јавниот обвинтел.

„Јавниот обвинител овде ќе проценува не дали можеби општина Центар ги надминала своите ингеренции па одлучувала по прашања во надлежност на Собранието, можеби и тоа ќе биде, предмет на гледање, меѓутоа пред се мислам дека ќе биде фокусирана на делот дали има злоупотреба на положба во смисла дали има оштетувања на државниот буџет, кој тоа го сторил, овозможил.“

Од Јавниот обвинител Љупчо Шврговски до сега не добивме реакција за вчерашните обвинувања на невладината ,,Транспаренси интернејшнал“.