Меѓународната коалиција интервенира во источна Либија

Силите на меѓународната коалиција денеска ги бомбардирале воените единици на либијската влада, кои им се спротиставувале на бунтовниците во близина на градот Рас Лануф. Дописник на новинската агенција „Ројтерс“ изјави дека слушнал експлозии по прелетувањето на авион над градот откако војската на Гадафи почна офанзива против приврзаниците на опозицијата. Стотина бунтовници се повлекле надвор од населеното место во пустината. Војската ги следела, по што била бомбардиртана од воздушните сили на меѓународната коалиција. Еден од бунтовниците рече дека нападот го извршил француски авион.