„Македонска музика за пијано“ е насловен албумот на македонската пијанистка Марија Вршкова.
Марија Вршкова се смета за една од најдобрите македонски музички уметници што и даде печат на домашната пијанистичка школа во почетокот на 21 век. Родена во Битола, таа дипломирала со највисоката оцена CUM LАUDЕ на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 1997, а магистерските студии ги завршува две години подоцна повторно во класата на професор Тодор Светиев. Во текот на школувањето е добитник на бројни домашни и интернационални награди, неколку години по ред била единствен претставник во JMWO оркестарот на Музичка младина каде соработувала со светски познати диригенти, посебно се истакнува нејзината дејност на полето на новата музика каде со ансамблот АЛЕА има остварено повеќе од 20 изведби на дела за пијано и камерен оркестар, а како солист настапувала во САД, Русија, Велика Британија, Германија, Холандија, Полска, Италија и во земјите од регионов.
И, токму нејзиниот извонреден настап на минатогодишното издание на Денови на македонска музика беше основата за албумот Македонска музика за пијано, кој е прво вакво дискографско остварување кај нас и вреден документ за нашата самосвојна култура.
„Се одлучив за македонска музика за пијано затоа што мислам дека и тие композитори заслужуваат да бидат ставени на ваков носач на звук, но не дека ефектирам на некаков си национален идентитет туку мислам дека тоа е едноставно потребата да изразам една музика која извира од ова поднебје“, вели Вршкова.
Пијанистката дополнува дека секоја од композициите кои се поместени на ова издание некако си има и своја лична приказна и дека ја поврзува за нејзиниот раст како уметник и изведувач.
„Мислам дека секоја композиција ме врзува за одреден настан во мојот живот, за одредениот личен музички раст.“
Таа е сигурна дека ова издание ќе биде и нејзината лична карта предпубликата и авторитетите на светската музичка сцена.
„Мислам дека производот е добар, целосно македонски и да видиме дали тоа може нешто да направи и да отвори некоја врата и надвор.“
Вршкова дополнува дека на промоцијата на објавата гледа и како на завршување на еден релативно мирен изведувачки период за неа како уметник и очекува во наредниот период бура од случувања кои многу посилно ќе проговорат за нејзиниот уметнички потенцијал.
„Има некои најави за концерти во Лондон, потоа следува Охридски бисер, а потоа треба да го реализирам новиот проект кој што ми е доверен од Министерството.“
Се одлучив за Македонска музика за пијано затоа што мислам дека и тие композитори заслужуваат да бидат ставени на ваков носач на звук, но не дека ефектирам на некаков си национален идентитет туку мислам дека тоа е едноставно потребата да изразам една музика која извира од ова
поднебје.
И, токму нејзиниот извонреден настап на минатогодишното издание на Денови на македонска музика беше основата за албумот Македонска музика за пијано, кој е прво вакво дискографско остварување кај нас и вреден документ за нашата самосвојна култура.
„Се одлучив за македонска музика за пијано затоа што мислам дека и тие композитори заслужуваат да бидат ставени на ваков носач на звук, но не дека ефектирам на некаков си национален идентитет туку мислам дека тоа е едноставно потребата да изразам една музика која извира од ова поднебје“, вели Вршкова.
Пијанистката дополнува дека секоја од композициите кои се поместени на ова издание некако си има и своја лична приказна и дека ја поврзува за нејзиниот раст како уметник и изведувач.
„Мислам дека секоја композиција ме врзува за одреден настан во мојот живот, за одредениот личен музички раст.“
Таа е сигурна дека ова издание ќе биде и нејзината лична карта пред
Мислам дека секоја композиција ме врзува за одреден настан во мојот живот, за одредениот личен музички раст.