Русија се префрли на летно сметање на времето - засекогаш

Русија денеска перманентно се префрли на летно сметање на времето. Промената ја иницираше претседателот Димитриј Медведев, кој аргументира дека луѓето и животните доживуваат стресови при префрлањето од зимско кон летно сметање на времето и обратно. Москва сега ќе биде четири часа пред Гринич цела година. Научниците, од друга страна, тврдат дека за сега нема студии кои покажуваат стресни манифестации при ваквите промени.