Во Софија и во другите градови низ Бугарија денеска (9 април) ќе се одржат протести на вработените во угостителството, со барање да остане на сила стапката на ДДВ од девет проценти за туристичкиот сектор.
Во Софија протестот ќе се одржи денеска од 15 до 19 часот под слоганот „Политичари, не го убивајте бугарскиот туризам, не ни ги гаснете светлата засекогаш“, а рестораните ќе бидат затворени од 14:30 до 19:30 часот.
Видете и ова: Заедничка кампања на ЕК и Бугарија за премин на левот во евроПротестите следуваат откако на средбата меѓу претставници на угостителите и претставници на владејачкото мнозинство не беше постигнат договор за владиниот предлог за зголемување на стапката на ДДВ во областа на туризмот на 20 отсто, објави Новините.
Бизнисмените постојано најавуваа дека враќањето на стапката на ДДВ на 20 отсто ќе доведе до стечај, престанок на дејноста, намален промет и отпуштања, процеси кои се веќе започнати.