Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол е отстранет од функцијата откако Уставниот суд во петок (4 април) го потврди неговото отповикување. На 3 декември, Јун прогласи воена состојба за време на буџетскиот спор со опозицијата, што ја втурна земјата во криза и доведе до негово отповикување од страна на парламентот.
Јун ја оправда својата мерка со тоа што ја обвини опозицијата дека дејствува против државата и дека е инфилтрирана од комунисти, иако не се обезбедени докази за поддршка на овие тврдења.
Во својата едногласна одлука, судот тврди дека наметнувањето на воената состојба од страна на Јун не е оправдано со национална криза. Исто така, Јун го прекршил законот кога испрати војници во Националното собрание за да спречи укинување на воената состојба.
Вршителот на должноста претседател на судот Мун Хјунг Бае ја прочита пресудата, која беше емитувана во живо.
„Негативните ефекти врз уставниот поредок и последиците од прекршувањето на законот од страна на обвинетиот се сериозни, што ги прави придобивките од заштитата на Уставот со разрешувањето на обвинетиот поголеми од националните загуби од разрешувањето на претседателот“, рече Мун.
Видете и ова: Јужнокорејскиот претседател Јун ослободен, Судот ја поништи наредбата за апсењеЈун изјави дека му е жал што не ги исполнил очекувањата на јавноста во изјавата неколку часа по одлуката на судот, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
„Длабоко жалам што не можам да ги оправдам вашите надежи и очекувања. Најголема чест во мојот живот беше да ѝ служам на нашата нација. Искрено сум благодарен за вашата непоколеблива поддршка и охрабрување“, рече Јун во изјавата.
Владејачката Партија за народна моќ на Јун соопшти дека „скромно ја прифаќа“ одлуката на судот, додека главната опозициска Демократска партија ја поздрави како „народна победа“, објави Јонхап.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Молитви за претседателот од христијанските групи во Јужна Кореја
Пресудата значи дека нови избори мора да се одржат во рок од 60 дена.
Дотогаш премиерот Хан Дак Су ќе остане в.д. премиер. Тој тесно загуби од Јун на претседателските избори во 2022 година. Пред пресудата, областа околу судот беше опколена. Повеќе од 14 000 полицајци беа распоредени во центарот на Сеул за да спречат насилни немири.
За Јун, правните битки не се завршени и покрај последната пресуда. Се очекува да му се суди по обвиненијата за бунт поради воведувањето воена состојба. Доколку биде прогласен за виновен, тој може да се соочи со долготрајна затворска казна.