Муцунски се сретна со Рубио во Брисел, најавени нови иницијативи за соработка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со американскиот државен секретар Марко Рубио. 03.04.2025.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со американскиот државен секретар Марко Рубио. 03.04.2025.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остварил, како што наведе, кратка, но продуктивна средба со американскиот државен секретар, Марко Рубио, на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Брисел.

„Се согласивме за важноста од натамошно интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво. Следуваат многу заеднички иницијативи“, наведе Муцунски во објавата.

Како што објави Муцунски на социјалните мрежи, разговорот се фокусирал на актуелните прашања од заеднички интерес за Скопје и Вашингтон, како и на соработката во рамките на НАТО.

Видете и ова: На самитот на министрите за надворешни работи на НАТО вниманието ќе биде насочено кон Рубио

Двајцата се согласиле за важноста од натамошно интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво и најавија нови заеднички иницијативи.

Муцунски учествува на дводневниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО, каде што главни теми се безбедносните предизвици, поддршката за Украина, зајакнувањето на партнерствата и подготовките за јунскиот Самит на НАТО во Хаг.