Германија и Австрија иницираат мерки за забрана за влез на тројца лидери од Република Српска во двете земји, се вели во соопштение на германската амбасада.
Претходно австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл Рајзингер и германската државна министерка за Европа и клима, Ана Лирман разговараа во Сараево со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјан Кришто. Но, во соопштението не наведуваат имиња за кои лидери на Република Српска станува збор.
Инаку, во тек е истрага против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, претседателот на собранието на ентитетите, Ненад Стевандиќ и премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, поради сомнение дека нивните активности го нарушиле уставниот поредок на Босна и Херцеговина.
По нив е распишана централна потерница бидејќи одбиваат да одговорат на поканите за распит во таа истрага.
Видете и ова: Судот на БиХ нареди издавање меѓународни потерници за Додик и СтевандиќВо соопштението на германската амбасада се наведува дека министрите од Германија и Австрија рекле дека итно мора да се преземат дополнителни чекори против сторителите на уставната криза во Босна и Херцеговина.
„Нападите врз уставниот интегритет на Босна и Херцеговина од страна на водечките политичари од Република Српска, кои свесно ја ослабуваат државата, се неприфатливи и претставуваат закана за безбедноста и стабилноста на Босна и Херцеговина и на целиот регион. Тие исто така го блокираат понатамошниот процес на пристапување во ЕУ и ја доведуваат во опасност иднината на земјата во ЕУ, се вели во заедничката изјава.
„Затоа, Австрија и Германија, во тесна координација со другите партнери, одлучно се спротивставуваат на одговорните политичари од ентитетот на РС. За таа цел, се иницираат мерки кои во иднина ќе го спречат влезот на тројца одговорни политичари од Република Српска. Милорад Додик со своите сецесионистички провокации и акции отиде во ново на крајност и правно гледано јасно ги премина црвените линии. Со тоа тој ја загрозува безбедноста, стабилноста, уставниот поредок и територијалниот интегритет на земјата на Западен Балкан. Такво однесување повеќе нема да толерираме“, се вели во соопштението.
Во соопштението се повикуваат вклучените актери во БиХ да „придонесат за смирување на ситуацијата“ за да се избегне натамошна ескалација.
Владата на РС, предводена од прорускиот лидер Додик, се обидува да ги уништи основните институции на Босна и Херцеговина преку серија антиуставни одлуки и закони.
Додик, заедно со членовите на неговото семејство и клучните политички соработници, веќе е на списокот со санкции на САД, а санкции воведе и Обединетото Кралство.
Додик одбива да ја прифати и пресудата на Судот на БиХ, кој во прв степен го осуди на една година затвор и шестгодишна забрана за политичко дејствување поради непочитување на одлуките на високиот претставник на БиХ.
Видете и ова: Додик на конференција за антисемитизам во Израел и покрај налогот за апсење во БиХЗаедно со претседателите на Собранието на РС и на Владата на РС, Ненад Стевандиќ и Радован Вишковиќ, Додик одбива да одговори и на повиците на правосудните институции кои ги товарат за кршење на уставниот поредок на БиХ, поради што пред половина месец се најдоа на централната листа на потерница во земјата.
Покрај тоа, РС се заканува дека ќе поднесе кривични пријави против оние што живеат во таа босанска покраина, ентитет, и работат во институциите на БиХ, доколку не ги испочитуваат барањата на мнозинството на Додик да ги напуштат државните институции.
Европската унија досега не можеше да се договори за санкциите против Додик, поради противењето на унгарскиот лидер Виктор Орбан.
Германија и претходно реагираше на неуставните активности на раководството на РС, со замрзнување на проекти во тој ентитет во април 2022 година со вкупна вредност од околу 105 милиони евра, а во август 2023 година тие средства се целосно се повлечени.
Унгарија најави дека подоцна ќе преземе проекти чие финансирање беше повлечено од германската влада.