Русија започна нови воздушни напади врз Украина по еднодневна пазуа од напади со дронови. Во регионот Запорожје, едно лице загинало, а две други се повредени, изјави во среда (2 април) на Телеграм регионалниот гувернер Иван Федоров.
Петнаесет беспилотни летала, исто така, го нападнале источниот град Харкив, при што биле повредени најмалку осум лица.
Украинските сили за цивилна одбрана соопштија дека биле погодени згради кои припаѓаат на цивилни фирми, а исто така била нанесена штета и на станбени области.
Откако Украина во вторникот ја доживеа првата ноќ без беспилотни летала во годината, воздушната одбрана на земјата извести дека Русија распоредила 74 дронови и мамки со беспилотни летала во текот на ноќта до среда наутро.
Нападите првенствено ги погодиле регионите Харкив, Доњецк и Одеса.
Видете и ова: Зеленски: Партнерите на Украина ќе разговараат за распоредување странски војнициВо Москва, руското Министерство за одбрана тврдеше дека соборило 93 украински беспилотни летала во текот на ноќта, главно над пограничниот регион Курск.
Војувањето со беспилотни летала стана речиси секојдневна тактика во војната, иако размерите на уништување и жртви предизвикани од руските напади го надминуваат влијанието на украинските напади.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од три години, потпирајќи се во голема мера на поддршката од Западот.