Фон дер Лајен: Брисел е подготвен да возврати на американските царини

Pретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Европската Унија ќе биде подготвена да возврати со контрамерки на американските царини доколку е потребно, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа во својот говор во Европскиот парламент во Стразбур истакна дека целта на ЕУ е да се најде решение преку преговори.

„Сепак, доколку е потребно, ќе ги заштитиме нашите интереси, луѓе и компании“, рече таа.

Според неа, ЕУ не сака да возврати, но Брисел има силен план за тоа и ќе возврати ако треба.

Видете и ова: ЕУ би можела да го одложи првиот сет царини против САД до средината на април

Пред неколку дена, американскиот претседател Доналд Трамп се закани со повисоки царини за Европската унија и Канада доколку соработуваат „да предизвикаат економска штета на САД“.

ЕУ прво ги објави првите контрамерки, а потоа ги одложи до средината на април, вклучувајќи, на пример, царини од 50 отсто за американскиот бурбон.

Како одговор, Трамп се закани дека ќе воведе царини од 200 отсто за сите винa и други алкохолни производи од ЕУ, доколку Брисел го стори тоа.