Шведска објави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 16 милијарди круни (околу 1,6 милијарди долари), што е најголемиот пакет досега од оваа нордиска земја, рече Пал Џонсон, министер за одбрана на Шведска, јави Ројтерс.
Видете и ова: „Коалицијата на подготвените“ - Доведување на Украина во најдобра позиција за преговориНајголемиот дел од пакетот, 9,2 милијарди круни, ќе се состои од опрема што ќе биде купена во процеси предводени од шведската управа за одбранбен материјал, рече Џонсон на прес-конференција.
Владата на Шведска го зголеми буџетот за 2025 година на 40 милијарди круни од 25 милијарди проектирани претходно, за да се помогне во борбата на Киев против руската инвазија.