Турција го поздравува формирањето на преодна влада во Сирија, соопшти турското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека овој потег е знак дека новите владетели на Сирија имаат инклузивен пристап кон раководството на земјата, јави Ројтерс.
Во соопштението на Министерството се вели дека меѓународната заедница треба да ги зголеми напорите за поддршка на Сирија, вклучително и со целосно укинување на санкциите за да може да започне обнова на земјата.
Во соопштението пишува и дека Турција, еден од главните моќници во Сирија по соборувањето на поранешниот претседател Башар ал Асад од бунтовниците, ќе продолжи да го поддржува сеопфатниот и инклузивен период на транзиција“.
Сирискиот претседател Ахмед ал Шара формира нова преодна влада, назначувајќи 23 министри во проширениот кабинет, што се смета за клучна пресвртница во транзицијата од децениското владеење на семејството Асад и подобрување на врските на Сирија со Западот.
Видете и ова: Иран: Добивме „пораки“ од новата сириска владаБунтовничките сили во Сирија, предводени од организацијата Хајат Тахрир ал - Шам (ХТС) – прогласена од САД за терористичка организација, ја презедоа власта во земјата во декември минатата година, по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Новата власт во Сирија предводена од сунитските исламисти беше под притисок од Западот и арапските земји за да формира влада што ќе ги вклучува различните етнички и верски заедници во земјата.
Поранешниот сириски претседател Башар Ал Асад ја напушти земјата на 8 декември 2024, откако ХТС ја собори владата. Тој доби политички политички азил во Русија од страна на претседателот Владимир Путин.